Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

97 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (49)
„Оној што поради небрежност ќе го остави петочниот намаз трипати, Аллах ќе му го запечати срцето.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед
„Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
дека Пратеникот, алејхи селам, го фатил за раката и рекол: „,О Муаз, те сакам во име на Аллах‘, а потоа рече: ,Те советувам, о Муаз, непрестано на крајот од секој намаз да велиш: Аллахумме еинни ала зикрике ве шукрике ве хусни ибадетике.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Несаи и Ахмед
„Ако му речеш на твојот другар: ,Молчи!‘ во петок, додека имамот држи хутба, тогаш си направил престап.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Нека никој од вас не клања во облека што не му ги покрива рамената.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, откако ќе го клањаше сабахскиот намаз, остануваше на своето место сè додека сонцето убаво не изгрееше. Тој не стануваше од местото каде што го клањаше сабахот сè додека не изгрееше сонцето. А кога сонцето ќе изгрееше, стануваше. Асхабите разговараа и спомнуваа нешта од времето на џахилиетот, па се смееја, а тој се насмевнуваше заедно со нив.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Побрзајте со икиндискиот намаз! Го слушнав Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, како вели: ,Кој ќе го испушти икиндискиот намаз, делата веќе му пропаднаа.‘“
Автентичен Го бележи Бухари
„Што им е на некои луѓе што за време на намазот ги подигаат погледите кон небото?“ – па остро ги предупреди, сè додека не рече: „Или нека престанат, или навистина ќе им биде одземен видот!“
Автентичен Го бележи Бухари