Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

97 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (49)
Некои луѓе дојдоа кај Сахл ибн Сад ес-Саидиј и се расправаа за тоа од какво дрво бил изработен минберот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селeм. Па го прашаа за тоа, а тој им рече: „Се колнам во Аллах, јас точно знам од што беше направен. Го видов уште првиот ден кога беше поставен, и првиот ден кога Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, седна на него. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, испрати човек кај една жена од енсариите — Сахл, ја спомна по име — и ѝ порача: ,Нареди му на твојот слуга, кој е столар, да ми изработи неколку дрвени скалила на кои ќе седнувам кога ќе им се обраќам на луѓето.‘ Па таа му нареди, и тој ги направи од дрво на тарфа (еден вид на пустинско дрво кое расте во областа Ел-Габа). Потоа ги донесе, па ги испрати до Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Тогаш тој нареди тие да се постават овде. Јас го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како клањаше додека стоеше на нив, па го изговори текбирот, потоа се наведна на руку додека стоеше на нив. Потоа слезе враќајќи се наназад (без да се врти) и падна на сеџда под минберот. Потоа се врати на него. Кога го заврши намазот, се сврте кон луѓето и рече: ,О луѓе! Ова го направив за да ме следите (во намазот) и да учите од мене како се извршува намазот.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„,Помеѓу двата езана има намаз, помеѓу двата езана има намаз.‘ А при третото повторување, додал: ,За оној кој сака.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Колективниот намаз (во џемат) е повреден од намазот што некој од вас го клања сам – за дваесет и пет степени. А при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и мелеците на денот.“ Потоа Ебу Хурејре рекол: „Цитирајте, ако сакате: ,И намазот в мугри, бидејќи на намазот в мугри многумина присуствуваат.‘“ (Ел Исра, 78)
Автентичен Муттефекун алејхи
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ поучуваше на истихара во сите работи – исто како што нѐ поучуваше на некоја сура од Куранот. Тој велеше: „Кога некој од вас се двоуми за некоја работа, нека клања два реката доброволен намаз, па потоа нека се помоли: Аллаху, дај ми да изберам преку Твоето знаење и овозможи ми го истото со Твојата моќ. Барам од Твојата неизмерна добрина, Ти си моќен а јас сум немоќен, Ти знаеш а јас не знам. Аллаху, доколку оваа работа (ја именува) е добра за мојата вера, живот и неговиот завршеток, близок или подалечен, овозможи ми ја, олесни ми ја и дај ми бериќет во неа. Аллаху, доколку оваа работа (ја именува) е лоша за мојата вера, живот и неговиот завршеток, близок или далечен, оддалечи ме од неа и неа оддалечи ја од мене и одреди го за мене тоа што е подобро каде и да е, и дај ми да бидам задоволен со истата. Потоа рече: „И ќе ја спомне својата потреба.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Ибн Зубејр го кажуваше овој зикр по секој намаз после давање на селам: ,Нема вистинско божество освен Аллах, Единствениот, Кој нема партнери, Нему Му припаѓа сета моќ и секоја благодарност и Тој може да направи сè. Нема состојба ниту сила освен таа на Аллах, нема друго божество освен Аллах, Ние Му се поклонуваме Само на Аллах, Нему Му припаѓа секоја благодат, почит и секоја убава пофалба. Нема друго вистинско божество освен Аллах. Искрено му ја исповедаме нашата вера, дури и ако тоа го мразат неверниците. (Ла илахе иллаллаху вехдеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду ве хуве 'ала кули шеј'ин кадир, ла хавле ве ла куввете илла биллах, ла илахе иллаллаху ве ла на'буду ила ијјаху, лехун-ни'мету ве лехул-фадлу ве лехус-сена'ул-хасен, ла илахе иллаллаху мухлисине лехуд-дин ве лев керихел-кафирун)‘ Ибн Зубеир рече: ,Алаховиот Пратеник, алејхи селам, го кажуваше овој зикр после секој намаз.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кога муезинот ќе каже: ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘ (Аллах е Најголем), па некој од вас ќе каже (и ќе повтори): ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘, Потоа кога (муезинот) ќе каже: ,Ешхеду Ен Ла Илахе Иллаллах‘ (Сведочам дека нема друг Бог освен Аллах), па некој од вас ќе повтори: ,Ешхеду Ен Ла Илахе Иллаллах‘, Потоа кога ќе каже ,Ешхеду Енне Мухаммеден Ресулуллах‘ (Сведочам дека Мухаммед е Аллахов Пратеник), па некој од вас ќе повтори: ,Ешхеду Енне Мухаммеден Ресулуллах‘, Потоа кога (муезинот) ќе каже: ,Хајје ‘Алас-Салах‘ (Дојдете на намаз), па некој од вас ќе каже: ,Ла Хавле Ве Ла Куввете Илла Биллах‘ (Нема сила ниту моќ освен со Аллах), Потоа кога (муезинот) ќе каже: ,Хајје ‘Алел Фелах‘ (Дојдете на спас), па некој од вас ќе каже: ,Ла Хавле Вела Куввете Илла Биллах‘, Потоа кога (муезинот) ќе каже: ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘, потоа некој од вас ќе повтори: ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘, Потоа кога (муезинот) ќе каже: ,Ла илахе Иллаллах‘, потоа некој од вас ќе повтори: ,Ла Илахе Иллаллах‘, – од срце (ќе го кажува и ќе повторува по муезинот), ќе влезе во Џенетот.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој оди во џамија наутро или навечер, Аллах ќе му подготви место во Џенетот секогаш кога ќе порани или отиде (подоцна).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога некој од вас ќе влезе во џамија, нека клања два реката пред да седне.“
Автентичен Муттефекун алејхи