Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

11 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, забрани чистење по извршување на физиолошка потреба со измет или коска, велејќи: ,Тие не ја отстрануваат нечистотијата.’”
Автентичен Го бележи Дарекутни
„Кога муслиманот или верникот зема абдест и го мие своето лице, сите гревови што ги гледал со очите паѓаат заедно со водата или со последната капка вода. Кога ги мие своите раце, сите гревови што ги направил со рацете паѓаат заедно со водата или со последната капка вода. Кога ги мие своите нозе, сите гревови што ги направил одејќи на нив паѓаат заедно со водата или со последната капка вода, така што останува потполно чист од гревови.“
Автентичен Го бележи Муслим
Еден човек го прашал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со зборовите: „О Аллахов пратенику, ние пловиме со бродови и со нас носиме малку вода, ако со неа земеме абдест, ќе ожедниме. Дали може да земеме абдест со водата од морето?“ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Морската вода е чиста, а угинатите животните од морето се дозволени.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед