Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

41 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Нам ни беше одредено да не ги оставаме мустаќите без да ги скратиме, ноктите без да ги исечеме, влакната под пазувите без да ги отстраниме и интимните влакна без да ги избричиме – подолго од четириесет ноќи.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, пред да влезе во тоалет, велеше: „Аллахумме инни е‘узу бике минел-хубуси вел-хабаис“ (Аллаху, барам засолниште кај Тебе од машките и женските нечесници).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој од вас доаѓа на џума-намаз, нека се избања.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Често ми излегуваше течност која што излегува пред ејакулација и ми беше срам да го прашам Аллаховиот пратеник, алејхи селам, па му реков на Микдад бин Есвед да го праша Пратеникот, а тој му одговорил: „Нека си ги измие гениталиите и нека земе абдест“. Во Бухари е забележано: „Тој рекол: ,Земи абдест и измиј ги гениталиите.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и земјата. Намазот е светлина, милосрдието (садаката) е доказ, трпението е сјај, а Куранот е доказ за тебе или против тебе. Секој човек поранува и ја тргува со својата душа, па или ќе ја ослободи или ќе ја уништи.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Ако куче пие од нечиј сад, нека го измие седумпати.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога некој од вас зема абдест, треба да стави вода во носот, а потоа да ја исфрли, а тој што се чисти по физиолошка потреба нека го направи тоа со непарен број на миење. Кога некој од вас ќе се разбуди, треба да ги измие рацете пред да земе абдест, бидејќи никој од вас не знае каде му биле рацете за време на спиењето.“ Според преданието на Муслим, се вели: „Кога некој од вас ќе се разбуди, пред да ги стави рацете во садот со вода, претходно треба да ги измие рацете трипати, бидејќи никој од вас не знае каде му биле рацете додека спиел.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се капеше од џенабет со еден сааʿ вода, а земаше абдест со еден мудд.“
Автентичен Го бележи Муслим