Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

12 од 841 картички

Исчисти филтри
„Кој ќе чува куче, освен за чување на добиток или за лов, секој ден ќе му се одземаат по два кирата од неговите добри дела.“ Салим рекол: А Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, додавал: „Или куче за чување на нива,“ бидејќи тој имал земјоделско земјиште.
Автентичен Муттефекун алејхи
„,Аллах и Неговиот пратеник го забранија продавањето на виното, мршината, свињата и идолите.‘ Некој го праша: ,О, Божји пратенику, а што е со лојот од мршината? Таа се користи за премачкување на бродовите, за обработка на кожата и како гориво за светилките.‘ Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Не, тоа е харам.‘ Потоа додаде: ,Аллах нека ги уништи евреите! Кога Аллах им го забрани лојот, тие го растопија, го продадоа и јадеа од парите што ги добија за неа.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој го клања нашиот намаз, се свртува кон нашата кибла и го јаде нашето месо – тој е муслиман, за кого важи заштитата на Аллах и Неговиот пратеник. Затоа, не ја прекршувајте заштитата на Аллах за него.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа. Па и кога убивате, направете го тоа на лесен начин, а кога колете животно направете го тоа што полесно. Секој од вас нека го наоштри ножот за да не го измачува животното."
Автентичен Го бележи Муслим