Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

11 од 841 картички

Исчисти филтри
„,Аллах и Неговиот пратеник го забранија продавањето на виното, мршината, свињата и идолите.‘ Некој го праша: ,О, Божји пратенику, а што е со лојот од мршината? Таа се користи за премачкување на бродовите, за обработка на кожата и како гориво за светилките.‘ Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Не, тоа е харам.‘ Потоа додаде: ,Аллах нека ги уништи евреите! Кога Аллах им го забрани лојот, тие го растопија, го продадоа и јадеа од парите што ги добија за неа.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој го клања нашиот намаз, се свртува кон нашата кибла и го јаде нашето месо – тој е муслиман, за кого важи заштитата на Аллах и Неговиот пратеник. Затоа, не ја прекршувајте заштитата на Аллах за него.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа. Па и кога убивате, направете го тоа на лесен начин, а кога колете животно направете го тоа што полесно. Секој од вас нека го наоштри ножот за да не го измачува животното."
Автентичен Го бележи Муслим