Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

4 од 841 картички

Исчисти филтри
„Кога ќе умре човекот, неговите дела престануваат, освен во три случаи: трајната садака, знаењето од кое луѓето имаат корист по него или добродетелното дете кое прави дова за него.“
Автентичен Го бележи Муслим
„На секој сопственик на злато или сребро што не ги плаќа своите давачки, на Судниот ден, ќе му се исковаат огнени чаршафи, кои ќе се загреат во огнот џехенемски, и со нив ќе му бидат жигосани бочните страни, челото и грбот. Кога и да се изладат, ќе бидат загреани, тогаш еден ден ќе трае педесет илјади години, сè додека не се заврши судењето помеѓу Аллаховите робови, и секој ќе го гледа својот пат, или кон Џенетот или кон Џехенемот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Дарувајте си подароци, ќе се сакате.“
Добар Го бележат Бухари во ,,Ел Едеб Ел Муфред“, Ебу Јала и Бејхеки
„Возвишениот Аллах вели: На тројца Јас ќе им бидам противник на Судниот ден: човек кој дава завет во Мое име па го изневерил; човек кој како роб продал слободен човек и ја изел неговата цена; и човек кој изнајмил работник, па го искористил неговиот труд, а не му ја дал платата.“
Автентичен Го бележи Бухари