Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

14 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„На секој сопственик на злато или сребро што не ги плаќа своите давачки, на Судниот ден, ќе му се исковаат огнени чаршафи, кои ќе се загреат во огнот џехенемски, и со нив ќе му бидат жигосани бочните страни, челото и грбот. Кога и да се изладат, ќе бидат загреани, тогаш еден ден ќе трае педесет илјади години, сè додека не се заврши судењето помеѓу Аллаховите робови, и секој ќе го гледа својот пат, или кон Џенетот или кон Џехенемот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
,Замената на среброто за злато е камата, освен едно за друго (од рака на рака). Замената на пченица со пченица е камата, освен едно за друго. Замената на јачмен со јачмен е камата, освен едно за друго. Замената на урми со урми е камата, освен едно за друго.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Дојдов кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со група од племето Ешари за да побараме средство за превоз. Тој ни рече: ,Се колнам во Аллах, не можам да ви обезбедам јаваници бидејќи немам можност за тоа.‘ Останавме таму извесно време, колку што Аллах го одредил, а во меѓувреме му беа донесени камили. Тогаш нè повика и ни додели три камили. Кога тргнавме, некои од нас рекоа еден на друг: ,Аллах нема да ни даде бериќет, побаравме од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, да ни обезбеди јаваници, тој се заколна дека нема, а сепак ни даде.‘“ Ебу Муса продолжува да раскажува: „Повторно се вративме кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и му го спомнавме тоа, а тој ни рече: ,Јас не ви ги дадов, туку Аллах. Се колнам во Аллах, дека иншаллах ако дадам заклетва, а потоа видам дека нешто друго е подобро, ќе се искупам за заклетвата и ќе го направам она што е подобро.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Секој муслиман што има нешто за тестамент – не треба да поминат три ноќи, а тој да го нема тестаментот напишан кај себе.“ А Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Откако го слушнав тоа од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не помина ниту една ноќ, а да не го имав тестаментот подготвено кај мене.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„О, Ебу Зер, кога ќе готвиш манџа, додај повеќе вода и сподели ја со твоите соседи.“
Автентичен Го бележи Муслим
– Кого го радува Аллах да го спаси од тешкотиите на Судниот ден, нека му олесни на оној што е во тешкотија или нека му го прости долгот.‘“
Автентичен Го бележи Муслим