Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

19 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го цитирал следниот ајет: „Тој ти ја објавува Книгата во која се јасните ајети; тие се темели на Книгата, а останатите се помалку јасни. Тие во чиишто срца е скршнувањето ги следат нејасните ајети тежнеејќи за интриги и сопствено толкување. А толкувањето нивно го знае само Аллах! Тие што се упатени во науката, велат: ,Ние веруваме во нив, сите тие се од Господарот наш!‘ А само разумните сфаќаат!“ (Али Имран, 7) Потоа рече: ,,Ако ги видиш тие што ги следат нејасните ајети, тоа се тие кои Аллах ги споменал, па добро вардете се од нив.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе научи напамет десет ајети од почетокот на сурата Ел-Кехф, ќе биде заштитен од Деџалот.“ Во друга верзија стои: „...од крајот на сурата Ел-Кехф.“
Автентичен Го бележи Муслим
дека некој човек од евреите му рече: „О, владателу на верниците, во вашата Книга има еден ајет што го рецитирате. Тој да ни беше објавен нам, на евреите, ние тој ден ќе го земевме како празник.“ Омер праша: „Кој ајет?“ Тој одговори: „Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел-Маиде, 3) Омер рече: „Ние добро го знаеме тој ден и местото каде што беше објавен на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Тоа беше на Арафат, во петочен ден.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Возвишениот Аллах рекол: Го поделив намазот (Сура ел-Фатиха) помеѓу Мене и мојот роб на два дела, и на Мојот роб му припаѓа она што ќе го побара. Па кога робот ќе рече: (ЕЛХАМДУ ЛИЛЛАХИ РАББИЛ ‘АЛЕМИН) - (Секоја благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите), Возвишениот Аллах вели: „Ми се заблагодари Мојот роб.“ Кога ќе рече: (ЕР-РАХМАНИР-РАХИМ), (Семилостив, Милостивиот) Аллах вели: „Мојот роб Ми искажа пофалби.“ Кога ќе рече: (МАЛИКИ ЈЕВМИД-ДИН), (Владетелот на Судниот ден) Возвишениот Аллах вели: „Мојот роб Ме возвелича.“ Исто така рекол: „Мојот роб целосно Ми ги довери сите негови работи.“ Кога ќе рече: (ИЈЈАКЕ НА‘БУДУ ВЕ ИЈЈАКЕ НЕСТЕ‘ИН), (Ние само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме), Возвишениот Аллах вели: „Ова е помеѓу Мене и Мојот роб, и на Мојот роб му припаѓа она што ќе го побара.“ А кога ќе рече: (ИХДИНАС-СИРАТАЛ МУСТЕКИМ, СИРАТАЛ-ЛЕЗИНЕ ЕН‘АМТЕ АЛЕЈХИМ, ГАЈРИЛ МАГДУБИ АЛЕЈХИМ ВЕЛЕД-ДААЛЛИН}, (Упати нѐ на Вистинскиот пат. На патот на оние на кои им ја подари Твојата благодат, а не на патот на оние врз коишто гневот Свој го разлеа, ниту патот на оние што во заблуда скршнаа) Возвишениот Аллах вели: „Ова е за Мојот роб, и на Мојот роб му припаѓа она што го бара.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Еднаш додека Џибрил седеше кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се слушна чудно шкрипење одозгора. Џибрил ја крена главата и рече: ,Ова е врата од небото што денес се отвори, а никогаш претходно не била отворена.‘ Од неа слезе еден мелек, па Џибрил рече: ,Ова е мелек кој денес слегува на Земјата – никогаш порано не слегол.’ Мелекот се поздрави со селам и рече: ,Прими ја радосната вест за двете светла што ти се дадени, а ниту еден пратеник пред тебе не ги добил: сурата Ел-Фатиха и последните ајети од сурата Ел-Бакаре. Нема да изговориш ниту една буква од нив, а да не ти биде дадено она што го бараш со нив.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Не претворувајте ги вашите куќи гробишта, навистина, шејтанот бега од куќата во која се рецитира сурата Бекаре.“
Автентичен Го бележи Муслим
дека една група многубошци (мушрици) кои убивале многу, и извршувале блуд во голема мера, дошле кај Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рекле: „Она што го говориш и кон што повикуваш е убаво. Ако би можел да ни кажеш дали има искупување (кефарет) за она што го имаме направено?“ Тогаш беше објавен ајетот: „И тие кои покрај Аллах на друг бог не му се молат, и кои не убиваат душа што Аллах ја забранил, освен со право, и кои не прават блуд...“ (Ел-Фуркан, 68) И исто така беше објавен ајетот: „Кажи: ,О робови Мои кои против себеси во гревовите претерувавте, не губете надеж во Аллаховата милост.‘“ (Ез-Зумер, 53)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Часот нема да настапи додека Сонцето не изгрее од запад. Кога ќе изгрее од запад и луѓето ќе го видат, сите ќе поверуваат. Но тоа е времето кога: „...некои предзнаци од Господарот твој ќе дојдат, на ниту еден човек нема да му биде од корист тоа што тогаш ќе верува, ако претходно не верувал или ако не сторил, како верник, некакво добро." (Ел Енам, 158) Часот ќе настапи, а двајца мажи ќе ги изложат своите алишта за купопродажба, но нема да успеат ниту да ги продадат ниту повторно да ги земат. Часот ќе настапи и човекот ќе се враќа со млеко од својата камила, но нема да успее да се напие. Часот ќе настапи и човек го поправа својот базен, но нема да успее да го наполни со вода. Часот ќе настапи додека човек ќе ја подигне својата храна до устата, но нема да стигне да ја изеде.“
Автентичен Муттефекун алејхи