„Овие две нешта се харам за мажите од мојот умет, а дозволени за нивните жени.“
Али бин ебу Талиб, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, зеде свила во левата рака и злато во десната, потоа ги крена рацете и рече: „Овие две нешта се харам за мажите од мојот умет, а дозволени за нивните жени.“
أَخَذَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ حَرِيرًا بِشِمَالِهِ، وَذَهَبًا بِيَمِينِهِ، ثُمَّ رَفَعَ بِهِمَا يَدَيْهِ، فَقَالَ: «إِنَّ هَذَيْنِ حَرَامٌ عَلَى ذُكُورِ أُمَّتِي، حِلٌّ لِإِنَاثِهِمْ».
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, зеде наметка или парче свила во левата рака, а во десната зеде злато, во форма на накит или нешто слично, па рече: „Свилата и златото се харам за мажите да ги носат, но за жените тие се дозволени.“
Синди вели: „Под ,харам‘ тука се мисли на нивната употреба како за облека, додека нивното трошење, купување или продавање е дозволено за сите. Што се однесува до употребата на златото за изработка на садови и нивното користење, тоа е харам за сите.“
Исламскиот шеријат им овозможил олеснување на жените, земајќи ја предвид нивната природна потреба за украсување и разубавување.
Сунен Ебу Давуд (6/ 165) (4057).
Сунен Несаи (8/ 160) (5144).
Сунен Ибн Маџе (4/ 594) (3595).
Повеќе... (4)
شرح رياض الصالحين.
لابن عثيمين (2/ 613).
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (2/ 99).