Остави го она во што се сомневаш за она во што не се сомневаш, бидејќи искреноста е спокој, а лажењето е сомнеж.‘“
Од Ебу Хавра ес-Сади, се пренесува: „Му реков на Хасан бин Али, радијаллаху анхума: ,Што научи од Аллаховиот Пратеник, алејхи селам?‘ Тој рече: ,Го научив од Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, следново:
Остави го она во што се сомневаш за она во што не се сомневаш, бидејќи искреноста е спокој, а лажењето е сомнеж.‘“
«دَعْ مَا يَرِيبُكَ إِلَى مَا لاَ يَرِيبُكَ، فَإِنَّ الصِّدْقَ طُمَأْنِينَةٌ، وَإِنَّ الكَذِبَ رِيبَةٌ».
Пратеникот, алејхи селам, му заповедал да ги остави зборовите и постапките за кои постои сомнеж дали се забранети или не, дали се харам или халал, и да ги замени со она во што не постои сомнеж, за што е сигурен дека е добро и дозволено, за што срцето е спокојно и смирено, додека сомнителното го плаши и вознемирува срцето.
Муслиманот ќе ги смета работите според она во што е убеден, а ќе ги избегнува сомнителните ситуации. Во својата вера секогаш ќе работи со знаење.
Забрането е да навлегуваме во сомнителни работи.
Ако сакаш мир и спокој, остави ги и избегнувај ги сомнителните работи.
Аллаховата милост кон Неговите робови е голема, бидејќи им го нареди тоа што им носи мир во душата и умот, а им го забрани тоа што им носи грижа и немир.
Сунен Несаи (8/ 327) (5711).
Сунен Тирмизи (4/ 286) (2518).
Муснед на Ахмед ибн Ханбел (3/ 248) (1723).
Повеќе... (5)
التحفة الربانية في شرح الأربعين حديثًا النووية.
لإسماعيل الأنصاري (ص29).
شرح الأربعين النووية.
لابن عثيمين (ص153).
فتح القوي المتين في شرح الأربعين وتتمة الخمسين للنووي وابن رجب (ص56).