Skip to content

„,Понижен е, понижен е, понижен е!‘ Прашале: ,Кој, о Аллахов пратенику?‘ Одговорил: ,Оној кој ќе ја дочека староста на своите родители, едниот или обајцата, и покрај тоа нема да влезе во Џенетот.‘“

Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„,Понижен е, понижен е, понижен е!‘ Прашале: ,Кој, о Аллахов пратенику?‘ Одговорил: ,Оној кој ќе ја дочека староста на своите родители, едниот или обајцата, и покрај тоа нема да влезе во Џенетот.‘“

«رَغِمَ أَنْفُ، ثُمَّ رَغِمَ أَنْفُ، ثُمَّ رَغِمَ أَنْفُ»، قِيلَ: مَنْ؟ يَا رَسُولَ اللهِ قَالَ: «مَنْ أَدْرَكَ أَبَوَيْهِ عِنْدَ الْكِبَرِ، أَحَدَهُمَا أَوْ كِلَيْهِمَا فَلَمْ يَدْخُلِ الْجَنَّةَ».

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, направи дова да биде понижен и посрамотен, опишувајќи го тоа како да го ставил својот нос во прашина – и го повтори тоа трипати. Па бил прашан: „О Аллахов пратенику, за кого направи таква дова?“ Тој одговори: За оној кој ќе ја дочека староста на своите родители – едниот или обајцата – а тие не бидат причина за неговиот влез во Џенетот, поради неговото непочитување и непослушност кон нив.

Од придобивките на хадисот

Обврската за доброчинство кон родителите и фактот дека тоа е една од причините за влез во Џенетот, особено во нивната старост и слабост.

Непочитувањето на родителите спаѓа меѓу најголемите гревови.

Референци

Сахих Муслим (4/ 1978) (2551).

(16/ 108).

Повеќе... (7)

بهجة الناظرين.

لسليم الهلالي (1/ 394).

نزهة المتقين.

لمجموعة من الباحثين (1/ 308).

فيض القدير شرح الجامع الصغير.

زين الدين المناوي (4/ 34).

شرح النووي على مسلم.