Skip to content

„Еден од најголемите видови на џихад е да се каже праведен збор пред неправеден владетел.“

Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Еден од најголемите видови на џихад е да се каже праведен збор пред неправеден владетел.“

«إِنَّ مِنْ أَعْظَمِ الجِهَادِ كَلِمَةَ عَدْلٍ عِنْدَ سُلْطَانٍ جَائِرٍ».

Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
Добар поради други преданија што го поткрепуваат
Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека еден од најголемите и најкорисните видови на џихад на Аллаховиот пат е да се изговори праведен и вистинит збор пред неправеден и угнетувачки владетел или емир. Ова е затоа што со тоа се спроведува начелото на наредување на доброто и спречување на злото, без разлика дали тоа е преку говор, пишување, дело или кој било друг начин што носи корист и отстранува штета.

Од придобивките на хадисот

Наредувањето на доброто и спречувањето на злото се дел од џихадот.

Советувањето на владетелот е еден од најголемите видови на џихад, но мора да се спроведува со знаење, мудрост и претпазливост.

Имамот Хатаби рекол: „Ова се смета за еден од најголемите видови на џихад затоа што оној што се бори против непријателот е во состојба на неизвесност – не знае дали ќе победи или ќе биде поразен. Додека, пак, оној што му се спротивставува на владетелот е потчинет под неговата власт. Кога ќе ја изговори вистината и ќе го повика кон доброто, тој себеси се изложува на опасност и пропаст. Па поради надвладувачкиот страв, овој облик на џихад се смета за еден од најдобрите видови. Некои велат дека тоа е најдобриот вид на џихад, бидејќи, доколку владетелот го прифати советот, од тоа може да има корист голем број луѓе, што води кон општа корист.“

Референци

Сунен Тирмизи (4/ 45) (2174).

Сунен Ебу Давуд (6/ 400) (4344).

Сунен Ибн Маџе (5/ 144) (4011).

Муснед на Ахмед ибн Ханбел (17/ 227) (11143).

Повеќе... (6)

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (1/ 283).

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (2/ 453).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (1/ 216).