„Кога Аллах ќе ги собере првите и последните на Судниот ден, секој измамник ќе добие знаме што ќе се подигне над него, и ќе се каже: ,Ова е измамата на тој и тој, синот на тој и тој.’“
Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кога Аллах ќе ги собере првите и последните на Судниот ден, секој измамник ќе добие знаме што ќе се подигне над него, и ќе се каже: ,Ова е измамата на тој и тој, синот на тој и тој.’“
«إِذَا جَمَعَ اللهُ الْأَوَّلِينَ وَالْآخِرِينَ يَوْمَ الْقِيَامَةِ يُرْفَعُ لِكُلِّ غَادِرٍ لِوَاءٌ، فَقِيلَ: هَذِهِ غَدْرَةُ فُلَانِ بْنِ فُلَانٍ».
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известува дека на Судниот ден, кога Аллах ќе ги собере сите луѓе – од првиот до последниот – за пресметка, секој што изневерил обврска или прекршил завет, било кон Аллах, или кон луѓето, ќе биде јавно разобличен. Над секој измамник ќе биде подигнато знаме – знак на неговата измама – и тој јавно ќе биде прозван пред сите присутни на махшерот: „Ова е предавството на тој и тој, синот на тој и тој!“ Тоа ќе биде понижувачка, јавна ознака на неговото предавство и лошо дело – сведоштво што никој нема да може да го скрие или сокрие.
Предавството е строго забрането и спаѓа меѓу големите гревови, бидејќи за него е најавена жестока казна.
Во оваа закана спаѓа секој што ќе ја изневери довербата што му е дадена – било да му е доверен нечиј живот (крв), чест, тајна или имот – па ја предаде и не постапи чесно.
Имамот Куртуби вели: „Ова се однесува на Арапите, кај кои постоел обичај да се подигнува знаме – бело за верност, а црно за предавство – со цел да се посрами и разобличи предавникот. Хадисот укажува дека слично ќе се случи и на Судниот ден – предавникот ќе биде јавно обележан и посрамен пред собраниот свет.“
Ибн Хаџер вели: „Хадисот исто така укажува дека на Судниот ден луѓето ќе бидат повикувани по имињата на своите татковци, бидејќи се вели: ,Ова е предавството на тој и тој, синот на тој и тој.’“
Повеќе... (5)
Сахих Ел-Бухари (4/ 104) (3188) صحيح مسلم (3/ 1359) (1735).
تيسير العلام شرح عمدة الأحكام.
للبسام (ص745).
الإلمام بشرح عمدة الأحكام.
لإسماعيل الأنصاري (2/ 188).
Цитирано во книги
2 КнигиПовеќе... (2)
- قاموس الكبائرموسوعة الكبائر - المجموعة الثالثة«إِذَا جَمَعَ اللَّهُ الأَوَّلِينَ وَالآخِرِينَ يَوْمَ الْقِيَامَةِ، يُرْفَعُ لِكُلِّ غَادِرٍ لِوَاءٌ، فَقِيلَ: هَذِهِ غَدْرَةُ فُلَانِ بْنِ فُلَانٍ» [114].
- مباحث في أصول الدين1وقال النبيّ صلى الله عليه وسلم: «إذا جمع الله الأوّلين والآخرين يوم القيامة يرفع لكلّ غادرٍ لواءٌ، فقيل: هذه غدرة فلان بن فلانٍ».