„Нема да настапи Судниот ден сè додека човекот не помине покрај некој гроб и каже: ,Колку ќе бев среќен јас да бев на твоето место.‘“
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Нема да настапи Судниот ден сè додека човекот не помине покрај некој гроб и каже: ,Колку ќе бев среќен јас да бев на твоето место.‘“
«لاَ تَقُومُ السَّاعَةُ حَتَّى يَمُرَّ الرَّجُلُ بِقَبْرِ الرَّجُلِ فَيَقُولُ: يَا لَيْتَنِي مَكَانَهُ».
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни навестува дека Судниот ден нема да настапи сè додека човекот не помине покрај гроб и ќе посака да биде мртов и закопан на негово место. Причината за тоа е стравувањето за себе, за верата, за можноста да надвладее невистината и нејзините промотори и појавување на бројни гревови и искушенија.
Тука се укажува на појавата на масовни гревови и искушенија пред крајот на светот.
Поттик да внимаваме и да се подготвиме за смрт, со верување и добри дела, и да се оддалечиме од местата на искушението и неволјите.
Сахих Ел-Бухари (9/ 58) (7115).
Сахих Муслим (4/ 2231) (157).
Повеќе... (4)
إكمال المعلم (8/451).
شرح ابن بطال (10/58).
الإفصاح عن معاني الصحاح (6/295).
البحر المحيط الثجاج في شرح صحيح الإمام مسلم بن الحجاج (44/ 388).