„Кој ќе носи свила на овој свет, нема да ја носи на идниот свет.“
Од Омер, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој ќе носи свила на овој свет, нема да ја носи на идниот свет.“
«مَنْ لَبِسَ الحَرِيرَ فِي الدُّنْيَا لَمْ يَلْبَسْهُ فِي الآخِرَةِ».
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, во овој хадис појаснил дека мажот кој ќе носи свила на овој свет, ако не се покае, како казна на идниот свет нема да ја носи.
Под „свила“ се мисли на чиста, природна свила, додека вештачката свила не потпаѓа под оваа забрана.
На мажите им е забрането да носат свила.
Забраната за свила важи за нејзиното носење, како и за нејзиното постилање.
На мажите им е дозволено во облеката да имаат мал дел свила, под услов нејзината ширина да не надминува два до четири прста, како украсни ленти или рабови на ткаенината.
Сахих Ел-Бухари (7/ 150) (5834).
Сахих Муслим (3/ 1641) (2069).
Повеќе... (2)
منحة العلام في شرح بلوغ المرام.
لعبد الله الفوزان (4/ 207).