„Израмнете ги вашите сафови/редови, бидејќи израмнувањето на сафот е од потполноста на намазот.“
Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Израмнете ги вашите сафови/редови, бидејќи израмнувањето на сафот е од потполноста на намазот.“
«سَوُّوا صُفُوفَكُمْ، فَإِنَّ تَسْوِيَةَ الصَّفِّ مِنْ تَمَامِ الصَّلَاةِ».
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, им наредувал на клањачите да ги израмнат своите сафови, така што никој од нив да не биде понапред или поназад од другиот, нагласувајќи дека израмнувањето на сафовите е составен дел од потполноста на намазот. Тој, исто така, укажал дека искривениот саф претставува недостаток и непотполност на намазот.
Пропишаноста на грижата за сè што го употполнува намазот и ги отстранува недостатоци во него.
Мудроста на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во подучувањето, при што го поврзал прописот со неговата причина, за да ја истакне мудроста на пропишувањето и да ги поттикне луѓето на извршување на наредбите.
Сахих Ел-Бухари (1/ 145) (723).
Сахих Муслим (1/ 324) (433).
Повеќе... (6)
تيسير العلام شرح عمدة الأحكام.
للبسام (ص127).
تنبيه الأفهام شرح عمدة الأحكام.
لابن عثيمين (1/ 161).
الإفهام في شرح عمدة الأحكام.
لابن باز (ص173).