Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

63 од 841 картички

Исчисти филтри
„Го сретнав Ибрахим ноќта кога бев на Исра, а тој рече: ,О Мухамед, поздрави го твојот умет и кажи им дека Џенетот има убава земја, и слатка вода, и дека тој е рамнина, а неговите садници се: Субханаллах (Слава Му на Аллах), Елхамдулиллах (Благодарност на Аллах), Ла илахе иллаллах (Нема божество освен Аллах), Аллаху екбер (Аллах е најголем).‘“
Добар поради преданијата што го поткрепуваат Го бележи Тирмизи
„Не се приврзувајте за имотот, па да ви се омили дуњалукот.“
Добар поради други преданија што го поткрепуваат Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога влегувал во џамија, изговарал: ,Барам заштита кај Аллах, Величествениот, со Неговото благородно лице и Неговата вечна власт, од проклетиот шејтан.‘ Праша: ,Толку?‘ Реков: ,Да.‘ И додаде: ,Кога ќе го изговори тоа, шејтанот вели: Заштитен е од мене целиот ден.‘“
Добар Го бележи Ебу Давуд
„Наредете им на вашите деца да го клањаат намазот кога ќе наполнат седум години, а казнете ги ако одбијат кога ќе наполнат десет години, и во тие години раздвојте ги машките од женските во постела.“
Добар Го бележи Ебу Давуд
„Еден од најголемите видови на џихад е да се каже праведен збор пред неправеден владетел.“
Добар поради други преданија што го поткрепуваат Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Му рековме на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,О, Божји пратенику, јадеме, а не се заситуваме.‘ Тој праша: ,Да не јадете одделено?‘ Рековме: ,Да.‘ Тогаш тој рече: ,Соберете се заедно околу храната и спомните го Аллаховото име над неа – тогаш ќе има бериќет за вас во неа.‘“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
„Од убавината на исламот – верата на еден човек, е да го остави она што не го засега.“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е добар (хасен).“ Го бележат Тирмизи и други
„Аллах пропишал обврски – затоа не ги занемарувајте. Поставил граници – затоа не ги преминувајте. Забранил одредени работи – затоа не ги прекршувајте. А за одредени нешта премолчал од милост кон вас, а не од заборав – затоа не распрашувајте за нив.“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е добар (хасен).“ Го бележи Дарекутни во неговиот ,,Сунен“ и други