Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

86 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (53)
„Нема валиден брак без старател.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Не колнете го ветерот! А кога ќе видите нешто што не ви се допаѓа, кажете: ,О Аллаху, Те молиме за доброто на овој ветер, за доброто што е во него и за доброто со кое е испратен. А кај Тебе бараме засолниште од неговото зло, од злото што е во него и од злото со кое е испратен.‘“ (Аллахумме инна нес-елуке мин хајри хазихир-риих, ве хајри ма фиха, ве хајри ма умирет бих; ве неузу бике мин шерри хазихир-риих, ве шерри ма фиха, ве шерри ма умирет бих.)
Автентичен Го бележи Тирмизи
,Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од лошите неморлни особини, од лошите дела и од следење на страстите.‘“
Автентичен Го бележи Тирмизи
дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол за Ебу Бекр и Омер: „Тие двајца се првенци меѓу возрасните жители на Џенетот од првите и последните, со исклучок на веровесниците и пратениците.“
Автентичен Го бележи Тирмизи
„Што имам јас со дуњалукот?! Јас сум на овој свет како патник што накратко се засолнил под сенка од дрво, а потоа го оставил и продолжил понатаму.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
,Ве советувам со богобојазливост кон Аллах, и со слушање и покорување, дури и ако со вас владее роб. Навистина, оној што ќе живее од вас по мене, ќе види многу разидувања. Затоа држете се за мојот Сунет и за Сунетот на праведните, упатени халифи – цврсто држете се за нив со забите. И пазете се од новотариите, затоа што секоја новотарија е заблуда.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Тирмизи
„Најлош сад кој го наполнил синот Адемов е неговиот стомак, доволни се неколку залаци за да го држат исправен грбот, а ако неизбежно мора да јаде, тогаш нека биде една третина за храната, втората за тоа што го пие а третата за воздух.“
Автентичен Го бележат имамот Ахмед, Тирмизи, Несаи и Ибн Маџе
„Остави го она во што се сомневаш за она во што не се сомневаш.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Несаи