Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

33 од 841 картички

Исчисти филтри
„Кога Аллах го создаде Џенетот и Огнот, го испрати Џибрил, алејхи селам, до Џенетот и му рече: ,Погледни го и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, никој нема да слушне за него а да не влезе во него.’ Потоа Аллах го опкружи Џенетот со потешкотии и рече: ,Оди и погледни го повторно и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и виде дека е опкружен со потешкотии и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да влезе во него.’ Потоа Аллах рече: ,Оди и погледни го Огнот и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и виде дека се натрупува еден врз друг и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, никој нема да влезе во него.’ Потоа Аллах го опкружи Огнот со страсти и рече: ,Оди и погледни го повторно.’ Џибрил погледна и виде дека е опкружен со страсти и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да се спаси од него.’“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, и Несаи
„Кој ќе изврши престап за кој е пропишана шеријатска казна, па биде казнет за тоа на дуњалукот – Аллах е по праведен за повторно да го казни за истото на Ахирет. А оној што ќе направи престап, па Аллах го покрие и му прости – Аллах е по благороден за да го казни за нешто што веќе му го простил.“
Добар Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Навистина, вашиот Господар е Срамежлив и Благороден – се срами од Својот роб кога тој ќе ги крене рацете (со дова) кон Него, да ги врати празни.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ибн Маџе
„Најдобриот зикр е: Ла илахе иллаллах, а најдобрата дова е: Елхамдулиллах.“
Добар Го бележат Тирмизи, Несаи во ,,Кубра“ и Ибн Маџе
Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Возвишениот Аллах рекол: О сине Адемов, сè додека Ми се обраќаш со дова и се надеваш во Мене, ќе ти простам, без разлика на твоите гревови, и тоа не Ми претставува тешкотија. О сине Адемов, доколку твоите гревови достигнат до небесата, а потоа побараш прошка од Мене, ќе ти простам, и тоа не Ми претставува тешкотија. О сине Адемов, ако дојдеш кај Мене со гревови колку што е Земјата, но не Ми припишуваш здруженици, ќе ти дојдам со исто толкава прошка."
Добар Го бележи Тирмизи
„Кога некој од вас ќе дојде на собир, нека се поздрави со селам. А кога ќе сака да стане и да си замине, нека повторно се поздрави со селам – зашто првиот селам не е поважен од последниот.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“ и Ахмед
„Го сретнав Ибрахим ноќта кога бев на Исра, а тој рече: ,О Мухамед, поздрави го твојот умет и кажи им дека Џенетот има убава земја, и слатка вода, и дека тој е рамнина, а неговите садници се: Субханаллах (Слава Му на Аллах), Елхамдулиллах (Благодарност на Аллах), Ла илахе иллаллах (Нема божество освен Аллах), Аллаху екбер (Аллах е најголем).‘“
Добар поради преданијата што го поткрепуваат Го бележи Тирмизи
„Не се приврзувајте за имотот, па да ви се омили дуњалукот.“
Добар поради други преданија што го поткрепуваат Го бележат Тирмизи и Ахмед