Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

21 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Бев присутен кога Амр бин Ебу Хасан го прашал Абдулах бин Зејд како Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, земал абдест. Абдулах бин Зејд побарал сад, па земал абдест на начинот на кој Пратеникот тоа го правел. Ја наведнал чинијата со вода преку рацете и ги измил трипати. Потоа ја ставил раката во садот и трипати со едната рака ги исплакнал устата и носот. Потоа ја ставил раката во садот и трипати го измил лицето. Повторно ја ставил раката во садот и двапати ги измил рацете до зад лактите. Потоа ја ставил раката во садот и ги триел предниот и задниот дел од главата. Потоа ги измил стапалата до над глуждовите.
Автентичен Муттефекун алејхи
التصنيف الشرعيصفة الوضوءموضوعات الحديثأحكام الوضوء
„Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ме испрати да завршам некоја работа. Станав џунуб и бидејќи немав вода, легнав на земјата и се тркалав како што го прави тоа животното. Кога се вратив, му раскажав на Аллаховиот пратеник, што направив, а тој ми рече: ,Доволно ќе беше да ја допреш земјата вака.‘ и со дланките ја допре еднаш земјата, а потоа со левата дланка ја триеше десната, внатрешнитеи надворешните делови на дланките и на крајот го протри лицето.“
Автентичен Муттефекун алејхи
التصنيف الشرعيصفة التيممموضوعات الحديثأحكام التيمم
„Алаховиот Пратеник и јас се бањавме од ист сад, а и двајцата бевме џунуб. Исто така, кога имав менструален циклус, тој ми нареди да го покријам интимниот дел на телото, а потоа интимно се задоволуваше. Исто така, кога беше во итикаф, во џамија, тој ја наведнуваше главата (во просторот на Аишината соба), а јас го бањав, а бев во менструален циклус.“
Автентичен Муттефекун алејхи
التصنيف الشرعيالحيض والنفاس والاستحاضة، أحكام الغسل، الاعتكاف، العشرة بين الزوجينموضوعات الحديثالاعتكاف، أحكام الغسل، أحكام الحيض والنفاس
„,Имам постојано протекување на крв и не можам да се исчистам, дали да го оставам намазот?‘ Тој одговори: ,Не, тоа е крв од капиларите. Немој да го клањаш намазот онолку денови (во месецот) колку што вообичаено ти трае менструацијата, а потоа избањај се и клањај!‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
التصنيف الشرعيالحيض والنفاس والاستحاضةموضوعات الحديثأحكام الاستحاضة
„Бев заедно со веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога пристигнавме до местото каде што луѓето го фрлаа отпадот. Тој изврши мала нужда стоејќи, па јас се оддалечив. Тогаш тој ми рече: ,Приближи се!‘ Јас се приближив и застанав до неговите пети. Потоа зеде абдест и со влажни дланки (месх) помина врз своите местви (обувки од кожа).“
Автентичен Муттефекун алејхи
التصنيف الشرعيالاستنجاء وقضاء الحاجة، المسح على الخفين ونحوهماموضوعات الحديثآداب قضاء الحاجة، حكام المسح على الخفين والجوربين