Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

16 од 841 картички

Исчисти филтри
„Навистина, договорот што е помеѓу нас и нив (неверниците) е намазот, па оној кој ќе го остави (намазот) – тој навистина станал неверник.“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед
„Суеверието е ширк, суеверието е ширк, суеверието е ширк“, трипати. Тоа се случува кај секој од нас, но Возвишениот Аллах го отстранува од човекот кога тој ќе се потпре врз Него.
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
,Кој ќе се заколне во нешто друго освен во Аллах, направил неверство (куфр) или многубоштво (ширк).‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
„Кој ќе стекне знаење од астрологија, во толкава мерка ќе стекне знаење за сихр-маѓија. Едното се зголемува со другото.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
„Божјиот пратеник нè предводеше на утринскиот (сабах) намаз кај Худејбије по една дождлива ноќ. По намазот се сврте кон луѓето и рече: ,Дали знаете што вели вашиот Господар?' Присутните рекоа: ,Тоа најдобро го знаат Аллах и Неговиот пратеник.' Рече: ,Некои мои робови се разбудија како верници а некои како неверници. Тие што рекоа: Врне дожд поради Аллаховата добрина и сомилост, се верници и тие не веруваат во планетите. Другите кои рекоа врне дожд поради оваа позиција на ѕвездите не веруваат во Мене, туку веруваат во планетите.'"
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе Го сретне Аллах без да Му правел ширк, ќе влезе во Џенетот, а кој ќе Го сретне правејќи Му ширк, ќе влезе во Огнот.“
Автентичен Го бележи Муслим
,,Прашав: ,О, Аллахов Пратенику, Ибн Џудан во времето на џахилиетот ги одржуваше роднинските врски и ги хранеше сиромашните. Дали тоа ќе му користи?' Тој одговори: ‘Не, тоа нема да му користи, бидејќи никогаш не рече: Господару мој, прости ми ги гревовите на Судниот ден.’“
Автентичен Го бележи Муслим
„Навистина, најтешки намази за мунафиците се јација намазот и сабах намазот, но кога би знаеле какво (добро) има во нив, би доаѓале дури и ползејќи, и навистина, размислував да наредам намазот да се воспостави, па да назначам човек кој ќе им биде имам на луѓето, а потоа да отидам со луѓе кои носат снопови дрва до оние кои не присуствуваат на намазот, па да им ги запалам нивните куќи.“
Автентичен Муттефекун алејхи