Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

37 од 841 картички

Исчисти филтри
,Ме праша за голема работа, но лесно му е на оној кому Аллах му олеснува: обожувај го Аллах и не Му придружувај ништо, клањај го намазот, давај зекат, пости го месецот рамазан и изврши го аџилакот.‘ Потоа рече: ,Сакаш ли да те упатам на вратите на доброто: Постот е штит, милосрдието ги брише гревовите како што водата го гаси огнот и човековиот намаз во длабочината на ноќта‘. Потоа го рецитираше ајетот: ,Боковите нивни од постела се креваат...' до крај на ајетот: ,скриени радости ги очекуваат‘, потоа рече: ,Сакаш ли да те информирам за главата, столбот и врвот на сето ова?‘ Реков: ,Сакам, о Аллахов пратенику.‘ Тој рече: ,Главата на ова е исламот, столбот е намазот, а врвот е борбата на Аллаховиот пат.‘ Потоа рече: ,Сакаш ли да те известам за она со што ќе го сочуваш сето ова?‘ Реков: ,Сакам, о Аллахов пратенику.‘ Го фати јазикот со раката и рече: ,Контролирај го ова!‘, ,О Аллахов Пратенику, дали ќе бидеме прашани за тоа што го зборуваме?‘, прашав. Тој рече: ,Тешко на мајка ти за тебе, зарем мислиш дека луѓето ќе бидат фрлени во Џехенемот со лицето или главите, поради нешто друго а не поради она што го кажуваше јазикот?‘“
Автентичен Го бележи Тирмизи
„Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
„Наредено ми е да се борам против луѓето сè додека не посведочат дека нема друго божество освен Аллах и дека Мухамед е Аллаховиот пратеник, сè додека извршуваат намаз и даваат зекат. Ако направат вака, тогаш им се безбедни и животите и имотите, освен ако направиле престап против прописите на исламот, а за останатото ќе бидат одговорни пред Аллах.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Дека му рекол на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам: „,Што мислиш ако сретнам некој од неверниците и се бориме, а тој со сабјата ми ја отсече раката, а потоа избега, криејќи се позади дрво, и тогаш каже: – Го прифаќам исламот во име на Аллах –, дали смеам да го убијам, о Аллахов Пратенику, откако ќе го каже тоа?‘ Аллаховиот Пратеник рече: ,Не убивај го.‘, тој продолжи: ,О, Аллахов Пратенику, тој ми ја отсече едната рака, а потоа го кажа тоа?‘ Тогаш Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, рекол: ,Не убивај го, зашто ако го убиеш, тој ќе биде во твојата положба пред да го убиеш, а ти ќе бидеш во неговата положба во која тој беше пред да ги каже тие зборови кои ги кажал.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
,,Прашав: ,О, Аллахов Пратенику, Ибн Џудан во времето на џахилиетот ги одржуваше роднинските врски и ги хранеше сиромашните. Дали тоа ќе му користи?' Тој одговори: ‘Не, тоа нема да му користи, бидејќи никогаш не рече: Господару мој, прости ми ги гревовите на Судниот ден.’“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој и да му рече на својот брат: ,О, невернику!‘, на едниот од нив му се враќа таа изрека. Ако навистина е таков како што рекол – тогаш тоа важи за него; а ако не е – тогаш му се враќа на оној што тоа го кажал.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Примерот на верниците, во нивната меѓусебна грижа, милосрдие и сочувство, се како примерот на едно тело. Кога ќе се разболи еден дел од телото, сите останати делови реагираат со несоница и треска.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Навистина, најтешки намази за мунафиците се јација намазот и сабах намазот, но кога би знаеле какво (добро) има во нив, би доаѓале дури и ползејќи, и навистина, размислував да наредам намазот да се воспостави, па да назначам човек кој ќе им биде имам на луѓето, а потоа да отидам со луѓе кои носат снопови дрва до оние кои не присуствуваат на намазот, па да им ги запалам нивните куќи.“
Автентичен Муттефекун алејхи