Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

27 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Навистина, најтешки намази за мунафиците се јација намазот и сабах намазот, но кога би знаеле какво (добро) има во нив, би доаѓале дури и ползејќи, и навистина, размислував да наредам намазот да се воспостави, па да назначам човек кој ќе им биде имам на луѓето, а потоа да отидам со луѓе кои носат снопови дрва до оние кои не присуствуваат на намазот, па да им ги запалам нивните куќи.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рекол на својот чичко: „Изговори: ,,Ла илахе илаллах" (нема друг вистински бог освен Аллах), и јас ќе сведочам за тебе на Судниот ден.“ Тој одговорил: „Да не беше стравот од тоа што Курејшиите ќе ме обвинат, велејќи: ,Го поттикна на тоа стравот од смртта,' ќе го направев тоа и ќе ти го утешев срцето.“ Тогаш Аллах го објави ајетот: „Ти навистина не можеш да го упатиш на Вистинскиот пат тој што ти сакаш да го упатиш, Аллах му укажува на Вистинскиот пат на тој што Тој сака.“ (Ел Касас, 56)
Автентичен Го бележи Муслим
„Додека седевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во џамијата, влезе човек на камила, ја врза и праша: ,Кој од вас е Мухамед?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, седеше потпрен меѓу нас, и рековме: ,Овој, белиот човек кој седи потпрен.' Човекот му рече: ,О, сине на Абдул Муталиб.' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Ти се одзвивам.' Човекот рече: ,Имам прашање за тебе и ќе бидам строг и директен, па не лути се.' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Прашај што сакаш.' Човекот праша: ,Те колнам во твојот Господар и Господарот на тие пред тебе, дали Аллах те испрати до сите луѓе?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да.' Човекот продолжи: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да ги извршуваме петте дневни намази?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да го постиме овој месец во годината?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да земеш зекат од богатите и да го поделиш на сиромасите?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Човекот тогаш рече: ,Верувам во она со што си испратен. Јас сум Димам бин Салебе, испратен од племето Бени Сад бин Бекр.'“
Автентичен Муттефекун алејхи