Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

14 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„На Судниот ден Сонцето ќе биде приближено до створенијата, ќе им се доближи на растојание од една милја.“ Сулејм бин Амир рекол: „Се колнам во Аллах, не знам дали мислел на милја како растојание на земјата или на милја како стапче за кохл (шминка за очи).“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, продолжи: „Луѓето ќе бидат потопени во потта според своите дела, на некои ќе им биде до глуждовите, на некои до колената, на некои до половината, а некои ќе бидат сосема потопени – така што потта ќе им биде до устата.“ И Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со раката посочи кон устата.
Автентичен Го бележи Муслим
„Најнискиот степен што некој од вас ќе го има во Џенетот е да му се каже: ,Посакај!‘ – па тој ќе посакува и ќе посакува. Потоа ќе му се каже: ,Дали заврши со желбите?‘ – ќе одговори: ,Да.‘ Па ќе му биде речено: ,Ќе го добиеш сето што го посака – и уште толку покрај тоа.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Бевме кај Веровесникот, алејхи селам, и тој погледна во Месечината, а беше ноќ со полна месечина, па рече: ,Навистина ќе го видите вашиот Господ како што ја гледате оваа Месечина и нема да ви претставува мака да Го видите, па ако можете да не ја пропуштите молитвата пред изгрејсонце (сабах) и пред зајдисонце (икиндија), направете го тоа,‘ потоа го цитирал ајетот: ,...и величај Го Господарот свој и заблагодарувај Му се пред Сонцето да излезе и пред да зајде.‘“ (Каф: 39)
Автентичен Муттефекун алејхи
„На секој сопственик на злато или сребро што не ги плаќа своите давачки, на Судниот ден, ќе му се исковаат огнени чаршафи, кои ќе се загреат во огнот џехенемски, и со нив ќе му бидат жигосани бочните страни, челото и грбот. Кога и да се изладат, ќе бидат загреани, тогаш еден ден ќе трае педесет илјади години, сè додека не се заврши судењето помеѓу Аллаховите робови, и секој ќе го гледа својот пат, или кон Џенетот или кон Џехенемот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
,Луѓето на Судниот ден ќе бидат собрани боси, голи и необрежани.‘ Јас прашав: ,О, Божји пратенику, и мажите и жените заедно – ќе гледаат ли едни во други?‘ Тој, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,О, Аиша, тогаш состојбата ќе биде толку страшна што луѓето нема ни да помислат да гледаат едни во други.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„,Дали знаете кој е вистинскиот муфлис (тој што банкротирал, губитник)?‘ Тие рекоа: ,Муфлис кај нас, о Божји Пратенику, е оној што нема дирхем ниту имот.‘ Тој рече: ,Вистинскиот муфлис од мојот умет е оној кој на Судниот ден ќе дојде со намаз, пост и зекат, но ќе дојде и со тоа што навредил некого, наклеветил друг, присвоил имот од третиот, ја пролеал крвта на четвртиот или го удрил петтиот. Тогаш, од неговите добри дела ќе им се даде на оние што ги оштетил. Ако неговите добри дела се потрошат пред да ги намири сите долгови, ќе се земат од нивните гревови и ќе му бидат додадени нему, а потоа ќе биде фрлен во Огнот.‘“
Автентичен Го бележи Муслим