Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

7 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Кога Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, им наредуваше нешто од делата, им наредуваше само онолку колку што можеа да поднесат. А тие велеа: ,Ние не сме како тебе, о Божји пратенику. Аллах ти ги има простено и минатите и идните гревови.’ Тогаш тој се лутеше, така што лутината се познаваше на неговото лице, па велеше: ,Навистина, најбогобојазливиот меѓу вас и оној што најмногу Го познава Аллах сум јас.’“
Автентичен Го бележи Бухари
„Сите од мојот умет ќе влезат во Џенетот, освен тие што ќе го одбијат тоа. Го прашаа: О, Аллахов пратенику, а кој ќе го одбие тоа?' Тој одговори: ,Кој ќе ми се покори, ќе влезе во Џенетот, а тој што ќе ми биде непокорен, таквиот одбил.'".
Автентичен Го бележи Бухари
„Објавата почна да му доаѓа на Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога имаше четириесет години. Во Мека остана тринаесет години, потоа му беше наредено да направи хиџра и да се пресели во Медина, каде што остана десет години. Потоа почина на шеесет и три години, салаллаху алејхи ве селем.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Дадени ми се пет работи кои не му биле дадени никому пред мене: помогнат сум со стравот што го чувствуваат непријателите на растојание од едномесечно патување; целата површина на Земјата е место за молитва и средство за чистење и каде и да го стигне почетокот на молитвата било кој поединец од мојот умет, нека се моли таму; дозволен ми е воениот плен кој не му е дозволен на ниеден пред мене, дозволен ми е шефаат-посредување (на Судниот ден), веровесниците се испратени само на својот народ, додека јас сум испратен на целото човештво.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Се колнам во Оној, во чии раце е мојата душа, Иса, синот на Мерјем, само што не се спуштил како праведен владетел. Тој ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата и ќе ја поништи џизјата, тогаш ќе се зголеми имотот до таа мерка што никој нема да го прими (како милостина).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„На секој веровесник му било дадено нешто преку што луѓето поверувале во него. А она што ми беше дадено мене е објавата што Аллах ми ја објави. Затоа се надевам дека на Судниот ден ќе имам најмногу следбеници.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Додека седевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во џамијата, влезе човек на камила, ја врза и праша: ,Кој од вас е Мухамед?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, седеше потпрен меѓу нас, и рековме: ,Овој, белиот човек кој седи потпрен.' Човекот му рече: ,О, сине на Абдул Муталиб.' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Ти се одзвивам.' Човекот рече: ,Имам прашање за тебе и ќе бидам строг и директен, па не лути се.' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Прашај што сакаш.' Човекот праша: ,Те колнам во твојот Господар и Господарот на тие пред тебе, дали Аллах те испрати до сите луѓе?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да.' Човекот продолжи: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да ги извршуваме петте дневни намази?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да го постиме овој месец во годината?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да земеш зекат од богатите и да го поделиш на сиромасите?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Човекот тогаш рече: ,Верувам во она со што си испратен. Јас сум Димам бин Салебе, испратен од племето Бени Сад бин Бекр.'“
Автентичен Муттефекун алејхи