Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

28 од 841 картички

Исчисти филтри
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: Аллах рекол: ,Човек лаже за Мене, а нема право да го прави тоа, и Ме навредува, а нема право да го прави тоа. Што се однесува за лагата – тоа се неговите зборови: Нема да ме оживее како што ме создал првиот пат, а создавањето првиот пат не е ништо потешко од тоа да го оживеам повторно. А што се однесува до тоа дека Ме навредува, тоа го прави со неговите зборови: ,Аллах зеде дете за себе! А Јас сум Еден и Прибежиште на сите, од Кого сè зависи! Јас не родив, ниту се родив, и никој не Ми е рамен!‘“
Автентичен Го бележи Бухари
„Секој кој ќе ги сокрие недостатоците на друг роб во овој свет, Аллах ќе ги сокрие неговите на Судниот ден.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Возвишениот Аллах вели: ,Јас постапувам со Мојот роб според тоа како тој мисли за Мене, и Јас сум со него кога Ме спомнува. Ако Ме спомне во себе, и Јас ќе го спомнам во Себе. Ако Ме спомне во друштво, и Јас ќе го спомнам во друштво подобро од тоа. Ако Ми се приближи за една педа, Јас ќе Му се приближам за еден лакт. Ако Ми се приближи за еден лакт, Јас ќе Му се приближам за еден распон. Ако Ми дојде одејќи, Јас ќе Му дојдам трчајќи.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Нашиот Возвишениот Господар секоја вечер кога ќе настапи последната третина од ноќта се спушта на земното небо и вели: ,Има ли некој што ме моли, па да му се одѕвијам? Има ли некој да бара нешто од Мене, па Јас да му дадам, има ли некој што бара од Мене прошка, па да му простам?‘“
Автентичен Муттефекун алејхи