Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

28 од 841 картички

Исчисти филтри
Од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој пренесува од својот Возвишен Господар: Рекол Возвишениот:„Аллах ги одредил добрите и лошите дела, потоа ги појаснил, тој што ќе посака да направи добро дело, но не го направи, Аллах ќе го запише кај Себе како да го направил, а кој пак одлучи да направи добрина и тоа го направи, Аллах ќе му запише од десет до седумстотини пати повеќе севапи, додека тој што ќе посака да направи лошо дело, но нема да го направи, Аллах ќе му запише за тоа како потполна добрина, но доколку посака и го направи, Аллах ќе му запише само еден грев."
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, беа доведени заробеници. Меѓу нив имаше една жена која, доејќи, го истискуваше млекото од градите за да напои. Кога ќе најдеше дете меѓу заробениците, го земаше, го прилепуваше на својот стомак и го доеше. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, нè праша: ,Дали мислите дека оваа жена би го фрлила своето дете во оган?‘ Одговоривме: ,Не, секако дека не би го сторила тоа, ако има можност да го поштеди.‘ Тогаш тој рече: ,Навистина, Аллах е помилостив кон Своите робови од оваа жена кон своето дете.’“
Автентичен Муттефекун алејхи
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува од Возвишениот Аллах дека рекол:„О робови Мои, Јас Самиот Себеси си ја забранив неправдата, и ја забранив меѓу вас, затоа не бидете неправедни меѓусебно. О робови Мои, сите сте во заблуда освен тие кои ги упатив, затоа барајте од Мене упатство, па ќе ве упатам. О робови Мои, сите сте гладни, освен оној кого Јас ќе го нахранам, затоа побарајте од Мене да ве нахранам, и Јас ќе ве нахранам. О робови Мои, сите сте необлечени, освен оној што Јас го облекувам, затоа побарајте од Мене да ве облечам, и Јас ќе ве облечам. О робови Мои, вие грешите и дење и ноќе, а Јас сум Тој кој ги простува сите гревови, затоа барајте од Мене да ви простам, и Јас ќе ви простам. О робови Мои, никогаш не можете да смислите нешто што ќе Ми нанесе штета, а потоа да Ми ја направите, ниту пак можеш да смислите нешто што ќе Ми донесе корист, па да Ми ја направите. О робови Мои, кога сите луѓе и џини, од првиот до последниот, би биле богобојазливи како најбогобојазливиот меѓу вас, тоа воопшто не би ја зголемило Мојата власт. О робови Мои, кога сите луѓе и џини, од првиот до последниот, би биле грешници како најрасипаниот меѓу вас, тоа нема да ја намали Мојата власт! О робови Мои, ако сите луѓе и џини, од првиот до последниот, се соберат на едно место и од Мене бараат сè што ќе посакат, а потоа на секој од нив да му го дадам она што го побарал, тоа нема да го намали она што го поседувам. Ни толку колку што игла натопена во морето би ја намалила водата! О робови Мои, вашите дела се најбитни, сѐ е сочувано кај Мене и Јас ќе наградам според направеното. Затоа, кој ќе најде добро и награда, нека Му се заблагодари на Аллах, а кој ќе најде казна и зло, да не обвинува никого освен себеси.
Автентичен Го бележи Муслим
„Навистина Аллах е Убав и не прифаќа освен она што е убаво. И навистина Аллах им го нареди на верниците истото што им го нареди и на пратениците. Возвишениот Аллах вели: ,О, Пратеници, со дозволени и убави јадења хранете се и добри дела правете, бидејќи Јас добро знам вие што правите!‘ И вели: ,О, верници, јадете од добрата храна со која ве снабдивме и бидете Му благодарни на Аллах, ако навистина само Него Го обожувате!‘ Потоа го спомна човекот кој долго патува, со разбушавена коса и правлив, ги подига рацете кон небото и вели: ,Господару мој, Господару мој,‘ а неговата храна е харам, неговиот пијалак е харам, неговата облека е харам, и е хранет со харам, па како да му биде примена довата?“
Автентичен Го бележи Муслим
„Аллах ќе ја зграпчи Земјата и ќе ги свие небесата со Својата десна рака, а потоа ќе каже: ,Јас сум Владателот, каде се владателите на Земјата.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„О луѓе, навистина Аллах е Убав и не прифаќа освен она што е убаво. Аллах им го нареди на верниците истото што им го нареди и на пратениците. Возвишениот Аллах вели: ,О, Пратеници, со дозволени и убави јадења хранете се и добри дела правете, бидејќи Јас добро знам вие што правите!‘ И вели: ,О, верници, јадете од добрата храна со која ве снабдивме и бидете Му благодарни на Аллах, ако навистина само Него Го обожувате!‘ Потоа го спомна човекот кој долго патува, со разбушавена коса и правлив, ги подига рацете кон небото и вели: ,Господару мој, Господару мој,‘ а неговата храна е харам, неговиот пијалак е харам, неговата облека е харам, и е хранет со харам, па како да му биде примена молбата?‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кога Аллах ќе засака некој роб, Го повикува Џибрил и му вели: ,Јас го сакам тој и тој, затоа сакај го и ти.‘ Тогаш Џибрил ќе го засака, па обзнанува меѓу жителите на небесата: ,Аллах го сака тој и тој, затоа сакајте го и вие.‘ Потоа ќе го засакаат и жителите на небесата, а потоа му се дава прифаќање кај луѓето на Земјата - и тие да го сакаат.” А кога Аллах ќе замрази некој роб, Го повикува Џибрил и му вели: ,Јас го мразам тој и тој, затоа мрази го и ти.‘ Тогаш Џибрил го замразува, па обзнанува меѓу жителите на небесата: ,Аллах го мрази тој и тој, затоа мразете го и вие.‘ И тие го замразуваат, потоа му се дава кај луѓето на Земјата и тие да го мразат.”
Автентичен Сахих Муслим
„Семоќниот Аллах му дава рок на неправедникот, но кога ќе го фати нема да може да избега. Потоа, Пратеникот го рецитирал ајетот: ,Ете така Господарот твој казнува кога казнува села и градови кои правеле насилства, Тој ги казнува, навистина, болно и страшно.‘“ [Худ: 102].
Автентичен Муттефекун алејхи