Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

28 од 841 картички

Исчисти филтри
„,Бидете умерени и настојувајте да постапувате исправно, и знајте дека никој од вас нема да биде спасен поради своите дела.‘ Тие рекоа: ,О, Божји пратенику, дури ниту ти?‘ Тој одговори: ,Ниту јас, освен ако Аллах не ме облее со Својата милост и благодат.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах не гледа во вашиот изглед и вашиот имот, туку гледа во вашите срца и вашите дела.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Со секој вас, Аллах ќе зборува без преведувач кој ќе посредува. Тогаш, човекот ќе погледне на десната страна и ќе го види само она што го направил, па ќе погледне на левата страна и ќе го види само она што го направил, ќе погледне пред себе и ќе го види само Огнот пред своето лице. Затоа, одбранете се од Огнот, макар и со половина урма.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„На милостивите ќе им се смилува Милостивиот, бидете милостиви кон оние што се на Земјата, ќе ви се смилува Оној Кој е на небесата.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рекол на Ел-Ешеџ од племето Абдул-Кајс: „Кај тебе има две особини што Аллах ги сака: благост и воздржаност.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Возвишениот Аллах вели: Му објавувам војна на оној кој ќе го вознемири Мојот штитеник (евлија). Мојот роб не Ми се приближува со ништо поомилено од она што сум му го пропишал како обврска. И Мојот роб постојано Ми се приближува со доброволни ибадети сè додека не го засакам. А кога ќе го засакам – Јас сум неговиот слух со кој слуша, неговиот вид со кој гледа, неговата рака со која работи и неговата нога со која оди. Ако Ме замоли, сигурно ќе му дадам, а ако побара заштита кај Мене, сигурно ќе го заштитам.“
Автентичен Го бележи Бухари
,Возвишениот Аллах не спие, и не Му доликува да спие. Тој ја спушта и ја подигнува правдата. Делата од ноќта се издигаат кај Него пред делата од денот, а делата од денот пред делата од ноќта. Неговиот превез е светлина – а во друго предание: оган – и кога би го открил, сјајот на Неговото Лице би изгорел сè што опфаќа Неговиот поглед од Неговите созданија.’“
Автентичен Го бележи Муслим
„Аллах ги одредил добрите и лошите дела, потоа ги појаснил, тој што ќе посака да направи добро дело, но не го направи, Аллах ќе го запише кај Себе како да го направил, а кој пак одлучи да направи добрина и тоа го направи, Аллах ќе му запише од десет до седумстотини пати повеќе севапи, додека тој што ќе посака да направи лошо дело, но нема да го направи, Аллах ќе му запише за тоа како потполна добрина, но доколку намери да направи грев и го направи, Аллах ќе му запише само еден грев."
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим во своите Сахихи со оваа формулација