Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

22 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Некои луѓе го прашале Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, за гатачите, а тој им рекол: „,Тие не се ништо.‘, луѓето рекоа: ,Аллахов пратенику, понекогаш тие кажуваат нешто што е вистина.‘ Тој им одговори: ,Тој збор е вистината што џинот-шејтанот ја грабнува и му ја пренесува на гатачот, а кон тој збор додаваат повеќе од сто лаги.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах е задоволен со вас во три нешта, и мрази три нешта: задоволен е за вас да го обожувате Него и да не Му припишувате ништо рамно Нему, и да се држите сите за Аллаховото јаже и да не се разединувате; а го мрази: празното рекла-кажала зборување, претераното поставување прашувања и расипништвото.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Не седете врз гробовите, и не клањајте кон нив.“
Автентичен Го бележи Муслим
Кога на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му се приближила смртта, тој ја ставал својата наметка на лицето, но кога ќе почувствувал потешкотија, ја тргал од лицето. Додека бил во таква состојба рекол: „Аллаховото проклетство нека ги стигне евреите и христијаните, затоа што од гробовите на своите Пратеници направија места за молитви.“ Со ова ги предупредуваше луѓето да не го прават истото.
Автентичен Муттефекун алејхи
„Заедно со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бевме качени врз магаре кое се викаше Уфејр. Тој ми рече: ,О Муаз, дали знаеш кое е правото на Аллах врз Неговите робови и кое е правото на робовите кон Аллах?’ Јас одговорив: ,Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат.’ Тој ми рече: ‘Правото на Аллах врз Неговите робови е да Го обожуваат и никого да не Му припишуваат како здруженик. Правото на робовите кон Аллах е да не го казни оној кој не Му припишува ништо како здруженик.’ Јас прашав: ,О, Аллахов Пратенику, дали да ги известам луѓето за ова?’ Тој ми рече: ,Не ги известувај, за да не се потпрат на тоа.’”
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе каже: ,Ла илахе иллаллах‘ – дека нема вистински бог освен Аллах и негира сè друго што се обожува покрај Аллах, неговиот имот и живот се заштитени (свети), а пресметката со него ќе биде кај Аллах.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Али бин Ебу Талиб ми рече: ,Дали сакаш да те задолжам со истото со кое ме задолжи Аллаховиот Пратеник, алејхи селам? Урни го секој кип и срамни го секој издигнат гроб!‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Не колнете се во лажните божества, ниту во вашите татковци.“
Автентичен Го бележи Муслим