Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

6 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Јас не сум испратен да проколнувам – јас сум испратен како милост.“
Автентичен Го бележи Муслим
неколкумина од другарите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ги прашале неговите сопруги за неговите дела кога е сам. Откако дознале, некои од нив рекле: ,Јас нема да се женам.‘ Друг рекол: ,Јас нема да јадам месо.‘ А трет рекол: ,Јас нема да спијам во постела.‘ Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го слушнал тоа, Го пофалил Алах и Му се заблагодарил Нему, па рекол: ,Што им е на тие луѓе што велат вака и вака? А јас клањам и спијам, постам и не постам, и се женам. Кој го остава мојот Сунет – не ми припаѓа мене.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Семејството на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, од неговото доаѓање во Медина па сè до неговата смрт – никогаш не се засити со храна од пченица три дена последователно.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, преферираше да започнува со десната страна при обувањето обувки, чешлањето, земањето абдест и во сите свои постапки.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Семејството на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, не јадеше два оброка во еден ден, а едниот од тие два да не беа урми.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Постелата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше од кожа, и беше наполнета со палмини влакна.“ А кај Муслим се пренесува: „Перницата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на која се потпираше, беше од кожа, и беше наполнета со палмини влакна.“
Автентичен Муттефекун алејхи