Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

53 од 841 картички

Исчисти филтри
„Кој ќе научи напамет десет ајети од почетокот на сурата Ел-Кехф, ќе биде заштитен од Деџалот.“ Во друга верзија стои: „...од крајот на сурата Ел-Кехф.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Нема да настапи Судниот ден сè додека човекот не помине покрај некој гроб и каже: ,Колку ќе бев среќен јас да бев на твоето место.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
– Верникот ќе биде доближен на својот Господар на Судниот ден, ќе биде покриен од Неговиот превез, па Тој ќе го потсети на неговите гревови и ќе го праша: ,Ги препознаваш ли?‘ Тој ќе рече: ,Господару мој, ги препознавам.‘ Тогаш (Аллах) ќе му каже: ,Јас ти ги сокрив во дуњалучкиот живот, а денес ти ги простувам.‘ Потоа ќе му биде дадена неговата книга со добрите дела. А што се однесува до неверниците и лицемерите, тие ќе бидат повикани пред сите созданија: ,Овие се тие што изнесуваа лаги за Аллах.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах не му прави неправда на верникот за неговото добро дело; го наградува на овој свет и ќе го награди и на идниот свет. Што се однесува на неверникот, тој ќе биде награден за добрите дела што ги направил за Аллах на овој свет, но кога ќе дојде на идниот свет, нема да има добро дело за кое ќе биде награден.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој ќе го одложи рокот на враќањето на долгот на должникот или во потполност се откаже од побарување на долгот, Возвишениот Аллах ќе го стави во сенката на Својот Арш на Судниот ден, на денот кога друга ладовина нема да има."
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Муезините ќе имаат најдолги вратови на Судниот ден.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Можеби ќе дојде време кога некој ќе слушне за мојот хадис додека лежи на својата софа и ќе каже: ,Меѓу нас и вас е Аллаховата Книга. Што ќе најдеме во неа дека е дозволено, ќе го сметаме за дозволено, а што ќе најдеме дека е забрането, ќе го сметаме за забрането.’ Навистина, она што го забранил Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е еднакво како и она кое го забранил Аллах.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ибн Маџе
„Вашиот овосветски оган е еден дел од седумдесетте делови на џехенемскиот оган.“ Некој рекол: „О, Божји пратенику, и силината на овосветскиот оган, би била доволна како казна.“ Тој одговорил: „Џехенемскиот оган е посилен од овосветскиот за шеесет и девет делови, а секој дел е како овоземниот оган."
Автентичен Муттефекун алејхи