Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

17 од 841 картички

Исчисти филтри
„Кога Аллах го создаде Џенетот и Огнот, го испрати Џибрил, алејхи селам, до Џенетот и му рече: ,Погледни го и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, никој нема да слушне за него а да не влезе во него.’ Потоа Аллах го опкружи Џенетот со потешкотии и рече: ,Оди и погледни го повторно и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и виде дека е опкружен со потешкотии и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да влезе во него.’ Потоа Аллах рече: ,Оди и погледни го Огнот и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и виде дека се натрупува еден врз друг и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, никој нема да влезе во него.’ Потоа Аллах го опкружи Огнот со страсти и рече: ,Оди и погледни го повторно.’ Џибрил погледна и виде дека е опкружен со страсти и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да се спаси од него.’“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, и Несаи
„О, Билал, кажи ми за делото што најмногу ти влева надеж во исламот, затоа што го слушнав звукот на твоите чекори пред мене во Џенетот.“ Билал рекол: „Не сум направил дело што повеќе ми влева надеж, освен тоа што секогаш кога ќе земев абдест во кое било време – дење или ноќе – клањав со тој абдест онолку нафиле колку што ми беше одредено.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Нема да настапи Судниот ден сè додека човекот не помине покрај некој гроб и каже: ,Колку ќе бев среќен јас да бев на твоето место.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе го одложи рокот на враќањето на долгот на должникот или во потполност се откаже од побарување на долгот, Возвишениот Аллах ќе го стави во сенката на Својот Арш на Судниот ден, на денот кога друга ладовина нема да има."
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Вашиот овосветски оган е еден дел од седумдесетте делови на џехенемскиот оган.“ Некој рекол: „О, Божји пратенику, и силината на овосветскиот оган, би била доволна како казна.“ Тој одговорил: „Џехенемскиот оган е посилен од овосветскиот за шеесет и девет делови, а секој дел е како овоземниот оган."
Автентичен Муттефекун алејхи
„Првата група што ќе влезе во Џенетот ќе бидат со лица светли како полна месечина. А оние што ќе дојдат по нив – ќе светат како најсјајната ѕвезда на небото. Тие нема да вршат ниту мала ниту голема нужда, нема да плукаат, ниту пак ќе имаат секреции од нос за да ги исфрлат. Чешлите ќе им бидат од злато, потта ќе им мириса на миск, а кадилниците ќе користат за нив најфино ало-дрво (анџуџ). Сопруги ќе им бидат хурии со крупни и убави очи. Сите ќе бидат со ист облик – според големината на нивниот татко Адем, високи шеесет лакти.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Јас сум првак на луѓето на Судниот ден. Знаете ли зошто? Аллах ќе ги собере сите – и првите и последните – на едно рамно место. Повикот ќе го чујат сите, а погледот ќе ги опфати сите. Сонцето ќе се приближи, и луѓето ќе бидат погодени од толкава мака и тешкотија што нема да можат да ја издржат, ниту ќе имаат сила да ја поднесат. Ќе речат: ,Зарем не гледате до каде сме стигнати? Зар нема некој што ќе се застапи за нас пред нашиот Господар?‘ Ќе се повикуваат меѓусебно: ,Одете кај Адем!‘ Ќе отидат кај Адем, алејхи селам, и ќе речат: ,Ти си таткото на човештвото. Аллах те создаде со Својата рака, ти вдахна душа, им нареди на мелеците да ти се поклонат – застапи се за нас пред твојот Господар. Зарем не гледаш во каква состојба сме?!‘ Тој ќе одговори: ,Господарот денес се разгневил со гнев каков што никогаш претходно не го покажал, ниту ќе го покаже после тоа. Ми забрани да се доближам до дрвото, а сепак не послушав. Себеси! Себеси! Себеси! Одете кај друг – одете кај Нух!‘ Ќе отидат кај Нух, алејхи селам, и ќе речат: ,О, Нух! Ти си првиот пратеник испратен до луѓето, а Аллах те нарече благодарен роб. Застапи се за нас пред твојот Господар.‘ Тој ќе одговори: ,Господарот денес е разгневен со гнев каков што никогаш не покажал, ниту ќе покаже после тоа. Имав дова и ја упатив против мојот народ. Себеси! Себеси! Себеси! Одете кај Ибрахим!’ Ќе дојдат кај Ибрахим, алејхи селам, и ќе речат: ,О, Ибрахим! Ти си Аллаховиот веровесник и Неговиот миленик меѓу луѓето – застапи се за нас пред твојот Господар!‘ Ќе им рече: ,Господарот денес е разгневен како никогаш досега, ниту пак ќе биде поразгневен после тоа. Јас изреков три лаги. Себеси! Себеси! Себеси! Одете кај Муса!‘ Ќе одат кај Муса, алејхи селам, и ќе речат: ,О, Муса! Ти си Аллахов пратеник – Тој те одликуваше со Своето пратеништво и говор. Застапи се за нас пред твојот Господар!‘ Тој ќе рече: ,Господарот денес е разгневен со гнев што никогаш не го покажал, ниту ќе го покаже после тоа. Убив човек кој не ми беше наредено да го убијам. Себеси! Себеси! Себеси! Одете кај Иса, синот на Мерјем!‘ Ќе отидат кај Иса, алејхи селам, и ќе речат: ,О, Иса! Ти си Аллахов пратеник, создаден со Зборот Негов кој на Мерјем ѝ го достави, и живот ти даде. Зборуваше со луѓето додека беше дете во лулка – застапи се за нас пред твојот Господар!‘ А тој ќе рече: ,Господарот денес е разгневен како никогаш досега, ниту пак ќе биде поразгневен после тоа.‘ – и нема да спомне никаков грев – ,Себеси! Себеси! Себеси! Одете кај Мухамед!‘ Ќе дојдат кај мене и ќе речат: ,О, Мухамед! Ти си Аллахов пратеник и последниот од веровесниците. Аллах ти ги прости и претходните и идните гревови. Застапи се за нас пред твојот Господар!‘ Тогаш јас ќе тргнам, ќе дојдам под Аршот и ќе паднам на сеџда пред мојот Господар. Аллах ќе ми отвори пофалби и пофални изрази што никому пред мене не му ги дал. Потоа ќе ми се рече: ,О, Мухамед, подигни ја главата! Барај – ќе ти биде дадено! Застапи се – ќе биде прифатено!‘ Ќе ја подигнам главата и ќе речам: ,Господару мој, мојот умет! Господару мој, мојот умет! Господару мој, мојот умет!‘ Ќе ми се каже: ,О, Мухамед, воведи ги во Џенетот – низ десната врата – оние од твојот умет врз кои нема пресметка. А тие ќе бидат заедно со другите луѓе и во останатите врати на Џенетот.‘ А потоа тој, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Се колнам во Оној во чијашто рака е мојата душа, растојанието меѓу двете крила на една од џенетските порти е колку од Мека до Химјер – или колку од Мека до Бусра.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе му нанесе неправда на својот брат – било поврзана со неговата чест или со нешто друго – нека побара халал од него уште денес, пред да дојде Денот кога нема да користи ни динарот ни дирхемот. Ако има добри дела, ќе му се земе од нив според големината на неправдата што ја направил. А ако нема добри дела, ќе се земе од лошите дела на неговиот брат и ќе му се натоварат нему.“
Автентичен Го бележи Бухари