Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

50 од 841 картички

Исчисти филтри
„Ќе бидам покрај хаудот и ќе гледам кој од вас ќе дојде кај мене. Некои луѓе ќе бидат оддалечени од мене, па ќе прашам: Господару мој, тие се мои, од мојот умет. Ќе ми биде речено: Дали знаеш што направија по тебе? Се вратија назад и се откажаа од својата вера.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„О, Билал, кажи ми за делото што најмногу ти влева надеж во исламот, затоа што го слушнав звукот на твоите чекори пред мене во Џенетот.“ Билал рекол: „Не сум направил дело што повеќе ми влева надеж, освен тоа што секогаш кога ќе земев абдест во кое било време – дење или ноќе – клањав со тој абдест онолку нафиле колку што ми беше одредено.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Во Џенетот има сто степени, а растојанието меѓу секои два степена е колку растојанието меѓу небото и Земјата. Највисокиот од нив е Фирдевс – од него извираат четирите џенетски реки, а над него се наоѓа Аршот (Божјиот Престол). Затоа, кога ќе го молите Аллах – барајте Фирдевс!“
Автентичен Го бележи Тирмизи
„Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, ни раскажа дека еден човек го прашал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,О, Божји Пратенику, како неверникот ќе биде оживеен на Судниот ден на своето лице?’ Пратеникот одговорил: ‘Зарем Оној кој му овозможи да оди на двете нозе на земјата, не е во можност да го направи да оди на своето лице на Судниот ден?’ Катаде рече: ,Да, се колнам во величината и моќта на нашиот Господар.’”
Автентичен Муттефекун алејхи
„Алаховиот Пратеник, алејхи селам, еднаш помина покрај два гроба и рече: ,Овие двајца се казнуваат, но не за нешто големо. Едниот се казнува затоа што не се заштитил при уринирање, а другиот се казнува затоа што пренесуваше туѓи зборови.‘ Потоа зеде свежа палмова гранка, ја преполови и ја забоде во двата гроба по една половина. Асахабите го прашаа: ,О, Аллахов пратенику, зошто го направи тоа?‘ Тој одговори: ,Додека да се исушат ќе им се намали казнувањето.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
Прашав: „О, Аллахов Пратенику, какви се садовите на хаудот?" Тој одговори: ,,Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, бројот на неговите садови е поголем од бројот на ѕвездите и планетите во темната и ведра ноќ. Кој ќе се напие од нив, никогаш повеќе нема да ожедни. Низ хаудот течат два тека од Џенетот; оној кој ќе пие од таа вода, никогаш нема да ожедни. Неговата ширина е колку и неговата должина, од Аман до Ејлат. Водата на хаудот е побела од млекото и послатка од медот."
Автентичен Го бележи Муслим
„Прво за што ќе плагаат пресметка луѓето на Судниот ден е пролеаната крв (убиството).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе научи напамет десет ајети од почетокот на сурата Ел-Кехф, ќе биде заштитен од Деџалот.“ Во друга верзија стои: „...од крајот на сурата Ел-Кехф.“
Автентичен Го бележи Муслим