Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

38 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Кога ќе го чуете муезинот, повторете го она што го изговара, а потоа испратене салават врз мене, зашто оној кој ќе испрати еден салават кон мене, Аллах ќе испрати врз него десет салавати. Потоа, замолете Го Аллах да ми го подари Весилех, зашто тоа е едно посебно место во Џенетот, кое му припаѓа само на еден од Аллаховите робови, и се надевам дека тоа сум јас. Кој ќе побара Весилех за мене, нему ќе му припадне мојот шефаат.“
Автентичен Го бележи Муслим
,Луѓето на Судниот ден ќе бидат собрани боси, голи и необрежани.‘ Јас прашав: ,О, Божји пратенику, и мажите и жените заедно – ќе гледаат ли едни во други?‘ Тој, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,О, Аиша, тогаш состојбата ќе биде толку страшна што луѓето нема ни да помислат да гледаат едни во други.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„,Дали знаете кој е вистинскиот муфлис (тој што банкротирал, губитник)?‘ Тие рекоа: ,Муфлис кај нас, о Божји Пратенику, е оној што нема дирхем ниту имот.‘ Тој рече: ,Вистинскиот муфлис од мојот умет е оној кој на Судниот ден ќе дојде со намаз, пост и зекат, но ќе дојде и со тоа што навредил некого, наклеветил друг, присвоил имот од третиот, ја пролеал крвта на четвртиот или го удрил петтиот. Тогаш, од неговите добри дела ќе им се даде на оние што ги оштетил. Ако неговите добри дела се потрошат пред да ги намири сите долгови, ќе се земат од нивните гревови и ќе му бидат додадени нему, а потоа ќе биде фрлен во Огнот.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Мојот хауд е широк колку растојание од еден месец. Неговата вода е побела од млекото, а мирисот му е поубав од мошусот. Чашите му се бројни како ѕвездите на небото. Кој ќе се напие од него, никогаш нема да ожедни.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни раскажа, а тој е искрениот и она што го зборува е вистина: ,Создавањето на човекот се одвива во утробата на неговата мајка четириесет дена и четириесет ноќи, потоа станува згрутчена крв толку долго, потоа станува залак месо толку долго. Потоа му се испраќа мелек, на кој му се наредува да запише четири работи: неговото снабдување - ризк, неговиот животен век, неговите дела и дали ќе биде од среќните или несреќните, а потоа му се вдахнува душата. Навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Џенетот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Џенетот, па ќе го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Огнот, и ќе влезе во него. И навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Огнот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Огнот, па ќе го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Џенетот и ќе влезе во него.'“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
„Кој ќе сведочи дека само Аллах е Бог, Кому никој и ништо не му се рамни, и дека Мухамед е Негов роб и Пратеник; дека Иса е Негов роб, Пратеник и Неговиот Збор што ѝ го даде на Мерјем и му вдахна живот; и дека Џенетот е вистина и Џехенемот е вистина. Аллах ќе го воведе во рајот без оглед на делата што ги направил."
Автентичен Муттефекун алејхи