Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

38 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

– Верникот ќе биде доближен на својот Господар на Судниот ден, ќе биде покриен од Неговиот превез, па Тој ќе го потсети на неговите гревови и ќе го праша: ,Ги препознаваш ли?‘ Тој ќе рече: ,Господару мој, ги препознавам.‘ Тогаш (Аллах) ќе му каже: ,Јас ти ги сокрив во дуњалучкиот живот, а денес ти ги простувам.‘ Потоа ќе му биде дадена неговата книга со добрите дела. А што се однесува до неверниците и лицемерите, тие ќе бидат повикани пред сите созданија: ,Овие се тие што изнесуваа лаги за Аллах.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах не му прави неправда на верникот за неговото добро дело; го наградува на овој свет и ќе го награди и на идниот свет. Што се однесува на неверникот, тој ќе биде награден за добрите дела што ги направил за Аллах на овој свет, но кога ќе дојде на идниот свет, нема да има добро дело за кое ќе биде награден.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Муезините ќе имаат најдолги вратови на Судниот ден.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Вашиот овосветски оган е еден дел од седумдесетте делови на џехенемскиот оган.“ Некој рекол: „О, Божји пратенику, и силината на овосветскиот оган, би била доволна како казна.“ Тој одговорил: „Џехенемскиот оган е посилен од овосветскиот за шеесет и девет делови, а секој дел е како овоземниот оган."
Автентичен Муттефекун алејхи
Еден човек го праша Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „,Кога ќе настапи Часот (Судниот ден)?‘ Тој му одговори: ,А што си подготвил за него?‘ Човекот рече: ,Ништо, освен што го сакам Аллах и Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.‘ Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: ,Ќе бидеш со оној кого го сакаш.‘ Енес вели: ,Ништо не нѐ израдува толку, колку зборовите на пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: Ќе бидеш со оној кого го сакаш.‘ Потоа додаде: ,Го сакам пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, Ебу Бекр и Омер, и се надевам дека ќе бидам со нив поради мојата љубов кон нив, иако не ги достигнав нивните дела.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
,Еден од предзнаците на Судниот ден е кога знаењето ќе го снема, а незнаењето ќе се прошири. Блудот и пиењето алкохол ќе станат почести, бројот на мажите ќе се намали, а бројот на жените ќе се зголеми, така што на педесет жени ќе има само еден маж кој ќе се грижи за нив.’“
Автентичен Муттефекун алејхи
„,Нема друг бог освен Аллах! Тешко на Арапите од злото што им се приближило! Денес е отворен дел од преградата на Јеџуџ и Меџуџ, во големина како ова.‘ – и со прстите формирал круг, спојувајќи го палецот со показалецот. Тогаш Зејнеб бинт Џехш прашала: ,О, Божји пратенику, зарем ќе бидеме уништени иако меѓу нас има добри луѓе?‘ Тој одговорил: ,Да, кога ќе се рашири расипаноста.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Првата група што ќе влезе во Џенетот ќе бидат со лица светли како полна месечина. А оние што ќе дојдат по нив – ќе светат како најсјајната ѕвезда на небото. Тие нема да вршат ниту мала ниту голема нужда, нема да плукаат, ниту пак ќе имаат секреции од нос за да ги исфрлат. Чешлите ќе им бидат од злато, потта ќе им мириса на миск, а кадилниците ќе користат за нив најфино ало-дрво (анџуџ). Сопруги ќе им бидат хурии со крупни и убави очи. Сите ќе бидат со ист облик – според големината на нивниот татко Адем, високи шеесет лакти.“
Автентичен Муттефекун алејхи