Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

5 од 841 картички

Исчисти филтри
„Во Џенетот има сто степени, а растојанието меѓу секои два степена е колку растојанието меѓу небото и Земјата. Највисокиот од нив е Фирдевс – од него извираат четирите џенетски реки, а над него се наоѓа Аршот (Божјиот Престол). Затоа, кога ќе го молите Аллах – барајте Фирдевс!“
Автентичен Го бележи Тирмизи
„Кој ќе го одложи рокот на враќањето на долгот на должникот или во потполност се откаже од побарување на долгот, Возвишениот Аллах ќе го стави во сенката на Својот Арш на Судниот ден, на денот кога друга ладовина нема да има."
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Можеби ќе дојде време кога некој ќе слушне за мојот хадис додека лежи на својата софа и ќе каже: ,Меѓу нас и вас е Аллаховата Книга. Што ќе најдеме во неа дека е дозволено, ќе го сметаме за дозволено, а што ќе најдеме дека е забрането, ќе го сметаме за забрането.’ Навистина, она што го забранил Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е еднакво како и она кое го забранил Аллах.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ибн Маџе
“На Судниот ден ќе биде повикан човек од мојот умет пред сите створенија. Ќе му бидат покажани деведесет и девет свитоци со гревови, секој од нив голем колку што погледот допира. Потоа ќе му биде речено: ‘Дали негираш нешто од ова?’ Тој ќе одговори: ‘Не, Господару мој.’ Аллах ќе го праша: ‘Дали моите мелеци писари и чувари ти направиле неправда?’ Тој ќе одговори: ‘Не, Господару мој.’ Потоа ќе го праша: ‘Имаш ли некое оправдание за овие гревови?’ Човекот ќе одговори: ‘Не, Господару мој.' Аллах ќе му рече: ‘Напротив, ти имаш добри дела кај нас и денес нема да ти биде направена неправда!’ Тогаш ќе се извади картичка на која пишува: ‘Ла илахе иллаллах - сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов роб и пратеник.’ Човекот ќе праша: ‘Господару мој, што е оваа картичка наспроти сите овие свитоци?’ Аллах ќе одговори: ‘Навистина нема да ти биде направена неправда!’ Потоа свитоците ќе се стават на една страна од вагата, а картичката на другата страна, и картичката ќе претегне. Ништо нема потешко од Аллаховото име.”
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Нема да се придвижат стапалата на човекот на Судниот ден сè додека не биде прашан за четири работи: за неговиот живот – на што го потрошил, за неговото знаење – дали работел според тоа, за неговиот имот – како го заработил и како го потрошил и за неговото тело, како го користел.“
Автентичен Го бележи Тирмизи