Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

32 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Ќе бидам покрај хаудот и ќе гледам кој од вас ќе дојде кај мене. Некои луѓе ќе бидат оддалечени од мене, па ќе прашам: Господару мој, тие се мои, од мојот умет. Ќе ми биде речено: Дали знаеш што направија по тебе? Се вратија назад и се откажаа од својата вера.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„О, Билал, кажи ми за делото што најмногу ти влева надеж во исламот, затоа што го слушнав звукот на твоите чекори пред мене во Џенетот.“ Билал рекол: „Не сум направил дело што повеќе ми влева надеж, освен тоа што секогаш кога ќе земев абдест во кое било време – дење или ноќе – клањав со тој абдест онолку нафиле колку што ми беше одредено.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, ни раскажа дека еден човек го прашал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,О, Божји Пратенику, како неверникот ќе биде оживеен на Судниот ден на своето лице?’ Пратеникот одговорил: ‘Зарем Оној кој му овозможи да оди на двете нозе на земјата, не е во можност да го направи да оди на своето лице на Судниот ден?’ Катаде рече: ,Да, се колнам во величината и моќта на нашиот Господар.’”
Автентичен Муттефекун алејхи
„Алаховиот Пратеник, алејхи селам, еднаш помина покрај два гроба и рече: ,Овие двајца се казнуваат, но не за нешто големо. Едниот се казнува затоа што не се заштитил при уринирање, а другиот се казнува затоа што пренесуваше туѓи зборови.‘ Потоа зеде свежа палмова гранка, ја преполови и ја забоде во двата гроба по една половина. Асахабите го прашаа: ,О, Аллахов пратенику, зошто го направи тоа?‘ Тој одговори: ,Додека да се исушат ќе им се намали казнувањето.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Прво за што ќе плагаат пресметка луѓето на Судниот ден е пролеаната крв (убиството).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Нема да настапи Судниот ден сè додека човекот не помине покрај некој гроб и каже: ,Колку ќе бев среќен јас да бев на твоето место.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
– Верникот ќе биде доближен на својот Господар на Судниот ден, ќе биде покриен од Неговиот превез, па Тој ќе го потсети на неговите гревови и ќе го праша: ,Ги препознаваш ли?‘ Тој ќе рече: ,Господару мој, ги препознавам.‘ Тогаш (Аллах) ќе му каже: ,Јас ти ги сокрив во дуњалучкиот живот, а денес ти ги простувам.‘ Потоа ќе му биде дадена неговата книга со добрите дела. А што се однесува до неверниците и лицемерите, тие ќе бидат повикани пред сите созданија: ,Овие се тие што изнесуваа лаги за Аллах.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Вашиот овосветски оган е еден дел од седумдесетте делови на џехенемскиот оган.“ Некој рекол: „О, Божји пратенику, и силината на овосветскиот оган, би била доволна како казна.“ Тој одговорил: „Џехенемскиот оган е посилен од овосветскиот за шеесет и девет делови, а секој дел е како овоземниот оган."
Автентичен Муттефекун алејхи