Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

13 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Се колнам во Оној, во чии раце е мојата душа, Иса, синот на Мерјем, само што не се спуштил како праведен владетел. Тој ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата и ќе ја поништи џизјата, тогаш ќе се зголеми имотот до таа мерка што никој нема да го прими (како милостина).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Она што ви го забранив – одбегнувајте го. А она што ви го наредив – извршувајте го колку што можете. Навистина, оние пред вас беа уништени поради нивните бројни прашувања и поради нивното спротивставување на нивните веровесници.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
„На секој веровесник му било дадено нешто преку што луѓето поверувале во него. А она што ми беше дадено мене е објавата што Аллах ми ја објави. Затоа се надевам дека на Судниот ден ќе имам најмногу следбеници.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Најдобра е мојата генерација, потоа оние што ќе дојдат по нив, а потоа оние по нив.“ Имран рекол: „Не знам дали спомна две или три генерации.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, додал: „По вас ќе дојдат луѓе кои ќе изневеруваат и нема да бидат достојни за доверба; ќе сведочат, а нема да бидат повикани за сведоци; ќе даваат завети, но нема да ги исполнуваат – и кај нив ќе се рашири дебелината.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Додека седевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во џамијата, влезе човек на камила, ја врза и праша: ,Кој од вас е Мухамед?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, седеше потпрен меѓу нас, и рековме: ,Овој, белиот човек кој седи потпрен.' Човекот му рече: ,О, сине на Абдул Муталиб.' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Ти се одзвивам.' Човекот рече: ,Имам прашање за тебе и ќе бидам строг и директен, па не лути се.' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Прашај што сакаш.' Човекот праша: ,Те колнам во твојот Господар и Господарот на тие пред тебе, дали Аллах те испрати до сите луѓе?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да.' Човекот продолжи: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да ги извршуваме петте дневни намази?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да го постиме овој месец во годината?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да земеш зекат од богатите и да го поделиш на сиромасите?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Човекот тогаш рече: ,Верувам во она со што си испратен. Јас сум Димам бин Салебе, испратен од племето Бени Сад бин Бекр.'“
Автентичен Муттефекун алејхи