Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

34 од 841 картички

Исчисти филтри
„Бевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на патување. Тој се оддалечи заради својата потреба, а ние видовме една птица хумара со две пилиња. Ги зедовме пилињата, па птицата дојде вознемирено, ширијќи ги крилјата. Тогаш пристигна Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: ,Кој ја растажи оваа со тоа што ѝ ги зеде малите? Вратете ѝ ги пилињата.‘ Потоа забележа мравјалник што го запалиле и праша: ,Кој го запали ова?‘ Рековме: ,Ние.‘ Тој рече: ,Навистина, само Господарот на огнот има право да казнува со оган.‘“
Автентичен Го бележи Ебу Давуд
Аллаховиот Пратеник ﷺ им одржал хутба на луѓето на денот на освојувањето на Мека и рекол: „О, луѓе, навистина Аллах ја отстрани од вас горделивоста и надменоста на џахилиетот и вашето фалење со потеклото и предците. Па луѓето се делат на два вида: побожни и богобојазливи – тие се чесни и драги кај Аллах, и грешници и несреќни – тие се безвредни кај Аллах. Сите луѓе се деца на Адем, а Аллах го создаде Адем од земја. Аллах вели: „О луѓе! Ние ве создадовме од маж и жена и ве поделивме на народи и племиња за да се запознавате меѓу себе. Најугледниот меѓу вас кај Аллах е оној кој е најбогобојазлив. Аллах, навистина, сѐ знае и Известен е за сѐ.“ (Ел-Хуџурат, 13)
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ибн Хибан
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, испратил воена единица и поставил за водач еден човек од енсариите, наредувајќи им на другите да му бидат послушни. Еднаш тој се разгневил и им рекол: ,Зарем Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, не ви нареди да ми бидете послушни?’ Тие рекоа: ,Да.’ Тогаш им нареди: ,Соберете дрва!’ – и тие собраа. Потоа рече: ,Запалете оган!’ – и запалија. Потоа рече: ,Влезете во него!’ Тие намислија да влезат, но едни почнаа да ги задржуваат другите, велејќи: ,Ние му прибегнавме на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, токму бегајќи од огнот.’ Така останаа додека огнот не изгасна, а неговиот гнев се смири. Кога веста стигна до Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, тој рече: ,Ако влезеа во него, немаше да излезат сè до Денот на оживувањето. Послушноста е доброто.'“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Оној кој се придржува кон Аллаховите граници и оној кој ги прекршува се како луѓе кои пловат на еден брод. Некои се на палубата, а други се во долниот дел од бродот. Оние кои се во долниот дел на бродот, кога почувствуваа жед, одеа кај оние на палубата и им бараа вода, но еднаш рекоа: ,Кога би направиле отвор за нас во нашиот дел, за да не ги вознемируваме оние што се над нас.‘ Ако ги остават да го направат тоа што го наумиле, сите ќе пропаднат, но ако ги спречат, ќе се спасат сите.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Пренесете од мене па дури и еден ајет, и раскажувајте за синовите Израилови, нема пречка. А кој намерно ќе излаже за мене, нека си го подготви своето место во Огнот.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Во иднината ќе се појави себичност и злоупотреба (од владетелот) и работи кои ќе ги осудувата ,Аллахов Пратенику, што ни наредуваш?‘, прашале асхабите. ,Извршете ја обврската што ја имате и побарајте го од Аллах правото што ви припаѓа‘“– одговорил Пратеникот.
Автентичен Муттефекун алејхи
„Додека седевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во џамијата, влезе човек на камила, ја врза и праша: ,Кој од вас е Мухамед?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, седеше потпрен меѓу нас, и рековме: ,Овој, белиот човек кој седи потпрен.' Човекот му рече: ,О, сине на Абдул Муталиб.' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Ти се одзвивам.' Човекот рече: ,Имам прашање за тебе и ќе бидам строг и директен, па не лути се.' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Прашај што сакаш.' Човекот праша: ,Те колнам во твојот Господар и Господарот на тие пред тебе, дали Аллах те испрати до сите луѓе?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да.' Човекот продолжи: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да ги извршуваме петте дневни намази?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да го постиме овој месец во годината?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да земеш зекат од богатите и да го поделиш на сиромасите?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Човекот тогаш рече: ,Верувам во она со што си испратен. Јас сум Димам бин Салебе, испратен од племето Бени Сад бин Бекр.'“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Ќе се појават владетели што ќе лажат и ќе чинат неправда. Кој ги прифати нивните лаги и им помогне во нивната неправда – не е од мене, и јас не сум од него, и нема да пријде до мојот извор. А кој не ги прифати нивните лаги и не им помогне во нивната неправда – тој е од мене, и јас сум од него, и ќе дојде кај мојот извор.“
Автентичен Го бележи Ахмед