Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

34 од 841 картички

Исчисти филтри
„Имаше еден човек – не знам друг да живееше подалеку од џамијата од него – а сепак не пропушташе ниеден намаз во џамија. Му рекоа – или јас му реков: ,Зашто не купиш едно магаре за да можеш да јаваш во темнината и при жештината?‘ Тој одговори: ,Не би сакал ни мојата куќа да е покрај самата џамија. Сакам моето пешачење кон џамијата и враќањето дома да ми бидат запишани како добри дела.‘ На тоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Аллах ти го запиша сето тоа.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
,О Аллахов пратенику, ако владетелите кои владеат со нас, ги бараат од нас нивните права, а ги негираат нашите права, што ни заповедаш да правиме?‘ Тој се оддалечи од него, па тој повторно го праша, а тој пак се сврте од него, и го праша по вторпат или третпат, тогаш Ешас бин Каис го повлече и рече: ,Бидете послушни и покорни, затоа што тие ќе одговараат за она за што се обврзани, а и вие ќе одговарате за она за што сте обврзани.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
,Кој ќе ви дојде, додека сте обединети под еден човек, и сака да ја разедини вашата заедница или да внесе раздор меѓу вас – убијте го.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Еден ден, Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, стана во толпата и ни одржа говор заради кој срцата ни затреперија а очите ни се насолзија, па рековме: ,О, Пратенику, ова како да е проштален говор, затоа остави ни аманет.‘ Тој рече: ,Плашете се од Семоќниот Аллах и бидете им покорни и послушни на важите водачи, дури тој да е и некој абисински роб. После мене ќе видите големи несогласувања, затоа, држете се до мојата традиција и традицијата на хулефаи рашидин – праведните и упатените халифи, загризете ја таа традиција со катниците и од ново-воведените работи во верата, бидејќи секоја измислена работа води кон заблуда.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Аллаху мој, кој ќе прифати некоја одговорност кон луѓето во мојот умет а потоа им отежне, па и Ти отежни му, а кој ќе прифати некаква одговорност кон луѓето во мојот умет па им олесни и Ти олесни му.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Ќе дојдат фитни (искушенија и нереди). Потоа ќе настапи фитна во која оној што седи е подобар од оној што оди, а оној што оди е подобар од оној што трча кон неа. Кога ќе се појави или ќе избие, оној што има камили – нека оди кај нив, оној што има овци – нека оди кај нив, а оној што има земја – нека се повлече на својата земја.“ Еден човек праша: „О Аллахов пратенику, а што да направи оној што нема ниту камили, ниту овци, ниту земја?“ Одговори: „Нека го земе својот меч, нека удри по острицата со камен (за да ја скрши), и нека се обиде да се спаси – ако може да се спаси. О Аллах, пренесов ли? О Аллах, пренесов ли? О Аллах, пренесов ли?“ Потоа друг човек праша: „О Аллахов пратенику, а што ако бидам присилен и ме одведат до една од двете страни (војски), па некој ме удри со меч или ме погоди стрела и ме убие?“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Тој ќе го сноси и својот и твојот грев, и ќе биде од жителите на Огнот.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Никогаш нема да успее народ кој ќе и го довери управувувањето на жена.“
Автентичен Го бележи Бухари
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, испратил човек да го собере закатот од племето Бену Сулејм. Тој човек се викал ибн Ел-Лутбија. Кога се вратил, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го повикал да за пресметка на собраното. Човекот рече: „Ова е за вас, а ова е подарок што ми го дадоа.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Зошто не остана во куќата на твојот татко и мајка, па да видиме дали ќе ти дадат подарок – ако ја зборуваш вистината?“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ни одржа хутба. Му заблагодари на Аллах, Го возвиши Него, па рече: „Навистина, јас испраќам некој од вас на должност – за работа што ми ја доверил Аллах – па тој ќе се врати и ќе рече: ,Ова е за вас, а ова е подарок што ми го дадоа.‘ Зошто не остана да седи во куќата на својот татко и мајка, па да видиме дали ќе му дојдеше подарокот? Се колнам во Аллах, никој од вас нема да земе нешто што не му припаѓа со право, а да не дојде кај Аллах на Судниот ден носејќи го тоа со себе: – ќе дојде носејќи камила што рика, – или крава што мука, – или овца што блее.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја крена раката толку високо што се виде белината на неговата подмишка и рече: „Аллаху мој, посведочи дека го пренесов ова!“ Потоа додаде: „Моите очи видоа, а моите уши слушнаа.“
Автентичен Муттефекун алејхи