Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

73 од 841 картички

Исчисти филтри
Некои луѓе го прашале Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, за гатачите, а тој им рекол: „,Тие не се ништо.‘, луѓето рекоа: ,Аллахов пратенику, понекогаш тие кажуваат нешто што е вистина.‘ Тој им одговори: ,Тој збор е вистината што џинот-шејтанот ја грабнува и му ја пренесува на гатачот, а кон тој збор додаваат повеќе од сто лаги.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах е задоволен со вас во три нешта, и мрази три нешта: задоволен е за вас да го обожувате Него и да не Му припишувате ништо рамно Нему, и да се држите сите за Аллаховото јаже и да не се разединувате; а го мрази: празното рекла-кажала зборување, претераното поставување прашувања и расипништвото.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Не седете врз гробовите, и не клањајте кон нив.“
Автентичен Го бележи Муслим
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рекол на Ел-Ешеџ од племето Абдул-Кајс: „Кај тебе има две особини што Аллах ги сака: благост и воздржаност.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Возвишениот Аллах вели: Му објавувам војна на оној кој ќе го вознемири Мојот штитеник (евлија). Мојот роб не Ми се приближува со ништо поомилено од она што сум му го пропишал како обврска. И Мојот роб постојано Ми се приближува со доброволни ибадети сè додека не го засакам. А кога ќе го засакам – Јас сум неговиот слух со кој слуша, неговиот вид со кој гледа, неговата рака со која работи и неговата нога со која оди. Ако Ме замоли, сигурно ќе му дадам, а ако побара заштита кај Мене, сигурно ќе го заштитам.“
Автентичен Го бележи Бухари
Кога на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му се приближила смртта, тој ја ставал својата наметка на лицето, но кога ќе почувствувал потешкотија, ја тргал од лицето. Додека бил во таква состојба рекол: „Аллаховото проклетство нека ги стигне евреите и христијаните, затоа што од гробовите на своите Пратеници направија места за молитви.“ Со ова ги предупредуваше луѓето да не го прават истото.
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, еднаш се врати од своето патување, а јас ја покрив полица во мојата соба со завеса која имаше слики на себе. Кога Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ја виде, ја тргна и лицето му се измени, па рече: ,Аиша, тие кои ќе добијат најстрога казна на Судниот ден, се луѓето кои го имитираат Аллаховото создавање преку слики.‘, потоа Аиша рече: ,Ја исековме и од неа направивме една или две перници.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
Дека еден човек дошол кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, разговарале за нешто, па потоа тој човек му рекол: „,(Ќе биде тоа) што Аллах го сака и што го сакаш ти.‘, па Пратеникот, алејхи селам, му рекол: ,Дали ме поистовети со Аллах? Кажи: Тоа што го сака Аллах Единиот.“
Синџирот на пренесувачи е добар رواه ابن ماجه والنسائي في الكبرى وأحمد