Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

73 од 841 картички

Исчисти филтри
„Аллах не му прави неправда на верникот за неговото добро дело; го наградува на овој свет и ќе го награди и на идниот свет. Што се однесува на неверникот, тој ќе биде награден за добрите дела што ги направил за Аллах на овој свет, но кога ќе дојде на идниот свет, нема да има добро дело за кое ќе биде награден.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Бевме со Аллаховиот пратеник, алејхи селам, девет, осум или седум дена, а тој нè праша: ,Дали ќе му дадете заклетва на Аллаховиот пратеник?‘ Ние некое време пред тоа му се заколнавме, па кажавме: ,Ти дадовме заклетва, Аллахов пратенику‘. ,Дали ќе му дадете заклетва на Аллаховиот пратеник?‘' – кажа пак тој, а ние рековме: ,Ти дадовме заклетва, пратенику на Аллах.‘ ,Дали ќе му дадете заклетва на Аллаховиот пратеник?‘, рече пак Пратеникот, а ние ги испруживме рацете и му рековме: ,Ти дадовме заклетва, о Аллахов пратенику, за што друго да ти се заколнеме?‘ Тој рече: .Да го обожувате само Аллах и да не Му припишувате здруженик, дека ќе ги клањате петте намази и да бидете послушни – тогаш тивко нешто изговори – и да не барате ништо од никого.‘ Видов некои од тие луѓе потоа кога ќе им паднеше бастунот, не бараа од никого да им го подигне.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога влегувал во џамија, изговарал: ,Барам заштита кај Аллах, Величествениот, со Неговото благородно лице и Неговата вечна власт, од проклетиот шејтан.‘ Праша: ,Толку?‘ Реков: ,Да.‘ И додаде: ,Кога ќе го изговори тоа, шејтанот вели: Заштитен е од мене целиот ден.‘“
Добар Го бележи Ебу Давуд
„Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Аллаховиот Пратеник рекол: „Аллах, Возвишениот, рекол: ,На оној што го вознемирува мојата евлија (штитеник) – му објавувам војна, а ниеден Мој роб нема да ми се приближи повеќе отколку со исполнување на обврските кои Му ги наредив. И Мојот слуга нема да престане да Ми се доближува со доброволни дела сè додека не го засакам, а кога ќе го засакам, ќе му станам слух со кој слуша, неговиот вид со кој гледа, неговата рака со која зема, неговата нога со која оди. Ако побара, ќе му дадам, а ако бара заштита од Мене, ќе го заштитам. Никогаш не сум се двоумел повеќе за нешто дали да го направам, како што го правам кога му ја земам душата на верникот, бидејќи тој не ја сака смртта, а Јас не сакам да го вознемирам.‘“
Автентичен Го бележи Бухари
Еден човек дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „О, Аллахов Пратенику, еден од нас чувствува во себе толку лоши мисли што би му било подраго да стане пепел отколку да го изговори тоа.“ Пратеникот рече: „Аллаху екбер, Аллаху екбер, фала му на Аллах кој ги сведе шејтанските сплетки само на дошепнувања."
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Несаи во „Кубра“
„Го прашав Аллаховиот Пратеник, алејхи селам: ,Кој е најголемиот грев кај Аллах?‘ Тој одговори: ,На Аллах да му припишеш здруженик, а Тој те создал‘, реков: ,Навистина е голем грев.‘, и додадов: ,А кој е најголемиот грев после него?‘ Тој рече: ,Да го убиеш своето чедо, плашејќи се од сиромаштија.‘ Пак прашав: ,А по него?‘, а тој одговори: ,Да направиш блуд со жената на соседот.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Мелеците не влегуваат во куќа во која има куче и слики (на живи суштества).“
Автентичен Муттефекун алејхи