Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

6 од 841 картички

Исчисти филтри
Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Возвишениот Аллах рекол: О сине Адемов, сè додека Ми се обраќаш со дова и се надеваш во Мене, ќе ти простам, без разлика на твоите гревови, и тоа не Ми претставува тешкотија. О сине Адемов, доколку твоите гревови достигнат до небесата, а потоа побараш прошка од Мене, ќе ти простам, и тоа не Ми претставува тешкотија. О сине Адемов, ако дојдеш кај Мене со гревови колку што е Земјата, но не Ми припишуваш здруженици, ќе ти дојдам со исто толкава прошка."
Добар Го бележи Тирмизи
„Аллах не му прави неправда на верникот за неговото добро дело; го наградува на овој свет и ќе го награди и на идниот свет. Што се однесува на неверникот, тој ќе биде награден за добрите дела што ги направил за Аллах на овој свет, но кога ќе дојде на идниот свет, нема да има добро дело за кое ќе биде награден.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Возвишениот Аллах, на Судниот ден ќе му каже на оној со најлесна казна од жителите на Огнот: ,Доколку би го поседувал сето она што е на Земјата, дали би го дал за да се откупиш од оваа казна?‘ Тој ќе одговори: ,Да.‘ Тогаш Аллах ќе му рече: ,Барав од тебе нешто многу полесно додека беше во рбетот на Адем: да не Ми припишуваш никакви здруженици. Но, ти одби и Ми припишуваше здруженици.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
Во една прилика Аллаховиот пратеник, алејхи селам, јавал а зад него, на истата јаваница бил и Муаз. Во едне момент тој му се обратил велејќи: „.О, Муаз бин Џебел!‘, Муаз одговорил: ,Ти се одѕивам, Аллахов пратенику, и те слушам!‘ Потоа повторно го повика: ,О, Муаз!‘, тој пак му одговори: ,Ти се одѕивам, Аллахов пратенику, и ти се покорувам.‘ Тоа се повтори и по трет пат, а Пратеникот му рече: ,Секоја личност која искрено од своето срце ќе посведочи дека не постои вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов Пратеник, а да не му биде забранет џехенемскиот огин.‘ Муаз го прашал: ,Аллахов Пратенику, дали да им го пренесам ова на луѓето, за да бидат среќни?‘ Пратеникот му рече: ,Ако тоа го направиш ќе се опуштат.‘ Сепак, при крајот на својот живот, Муаз сепак им го пренел на луѓето од страв да не направи грев (ако не пренесе говор на Аллаховиот пратеник).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Нема ,адва‘, нема суеверие и ми се допаѓа ,Фел‘: А што е ,фел‘, го прашале, а тој одговорил: ,Убавиот збор.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Додека седевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во џамијата, влезе човек на камила, ја врза и праша: ,Кој од вас е Мухамед?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, седеше потпрен меѓу нас, и рековме: ,Овој, белиот човек кој седи потпрен.' Човекот му рече: ,О, сине на Абдул Муталиб.' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Ти се одзвивам.' Човекот рече: ,Имам прашање за тебе и ќе бидам строг и директен, па не лути се.' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Прашај што сакаш.' Човекот праша: ,Те колнам во твојот Господар и Господарот на тие пред тебе, дали Аллах те испрати до сите луѓе?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да.' Човекот продолжи: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да ги извршуваме петте дневни намази?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да го постиме овој месец во годината?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да земеш зекат од богатите и да го поделиш на сиромасите?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Човекот тогаш рече: ,Верувам во она со што си испратен. Јас сум Димам бин Салебе, испратен од племето Бени Сад бин Бекр.'“
Автентичен Муттефекун алејхи