Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

20 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Аллах е љубоморен, и верникот е љубоморен. Аллах е љубоморен кога верникот ќе направи нешто што му е забрането.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Некои од асхабите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дојдоа и го прашаа: ,Во себе чувствуваме толку лоши мисли кои не се осмелуваме да ги изговориме.’ Тој ги праша: ,Навистина ли го чувствувате тоа?’ Тие одговорија: ,Да.’ Тој рече: ,Тоа е јасен показател на иманот.’“
Автентичен Го бележи Муслим
„Шејтанот доаѓа кај некој од вас и прашува: ,Кој го создаде ова? Кој го создаде она?‘ Се додека не праша: ,Кој го создаде твојот Господар?‘ Кога ќе стигне до тоа, нека побара заштита од Аллах и нека престане да размислува за тоа.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Аллаховиот Пратеник рекол: „Аллах, Возвишениот, рекол: ,На оној што го вознемирува мојата евлија (штитеник) – му објавувам војна, а ниеден Мој роб нема да ми се приближи повеќе отколку со исполнување на обврските кои Му ги наредив. И Мојот слуга нема да престане да Ми се доближува со доброволни дела сè додека не го засакам, а кога ќе го засакам, ќе му станам слух со кој слуша, неговиот вид со кој гледа, неговата рака со која зема, неговата нога со која оди. Ако побара, ќе му дадам, а ако бара заштита од Мене, ќе го заштитам. Никогаш не сум се двоумел повеќе за нешто дали да го направам, како што го правам кога му ја земам душата на верникот, бидејќи тој не ја сака смртта, а Јас не сакам да го вознемирам.‘“
Автентичен Го бележи Бухари
„Местата кои Аллах најмногу ги сака, се џамиите, а најомразените места кај Аллах се пазарите.“
Автентичен Го бележи Муслим
„,Бидете умерени и настојувајте да постапувате исправно, и знајте дека никој од вас нема да биде спасен поради своите дела.‘ Тие рекоа: ,О, Божји пратенику, дури ниту ти?‘ Тој одговори: ,Ниту јас, освен ако Аллах не ме облее со Својата милост и благодат.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Возвишениот Аллах вели: Јас сум Тој што најмалку има потреба некој да му се здружува. Кој ќе направи дело во кое ќе Ми здружи некого, го оставам него и неговиот ширк.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Аллах не гледа во вашиот изглед и вашиот имот, туку гледа во вашите срца и вашите дела.“
Автентичен Го бележи Муслим