Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

68 од 841 картички

Исчисти филтри
„О луѓе, навистина Аллах е Убав и не прифаќа освен она што е убаво. Аллах им го нареди на верниците истото што им го нареди и на пратениците. Возвишениот Аллах вели: ,О, Пратеници, со дозволени и убави јадења хранете се и добри дела правете, бидејќи Јас добро знам вие што правите!‘ И вели: ,О, верници, јадете од добрата храна со која ве снабдивме и бидете Му благодарни на Аллах, ако навистина само Него Го обожувате!‘ Потоа го спомна човекот кој долго патува, со разбушавена коса и правлив, ги подига рацете кон небото и вели: ,Господару мој, Господару мој,‘ а неговата храна е харам, неговиот пијалак е харам, неговата облека е харам, и е хранет со харам, па како да му биде примена молбата?‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кога Аллах ќе засака некој роб, Го повикува Џибрил и му вели: ,Јас го сакам тој и тој, затоа сакај го и ти.‘ Тогаш Џибрил ќе го засака, па обзнанува меѓу жителите на небесата: ,Аллах го сака тој и тој, затоа сакајте го и вие.‘ Потоа ќе го засакаат и жителите на небесата, а потоа му се дава прифаќање кај луѓето на Земјата - и тие да го сакаат.” А кога Аллах ќе замрази некој роб, Го повикува Џибрил и му вели: ,Јас го мразам тој и тој, затоа мрази го и ти.‘ Тогаш Џибрил го замразува, па обзнанува меѓу жителите на небесата: ,Аллах го мрази тој и тој, затоа мразете го и вие.‘ И тие го замразуваат, потоа му се дава кај луѓето на Земјата и тие да го мразат.”
Автентичен Сахих Муслим
„Семоќниот Аллах му дава рок на неправедникот, но кога ќе го фати нема да може да избега. Потоа, Пратеникот го рецитирал ајетот: ,Ете така Господарот твој казнува кога казнува села и градови кои правеле насилства, Тој ги казнува, навистина, болно и страшно.‘“ [Худ: 102].
Автентичен Муттефекун алејхи
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: Аллах рекол: ,Човек лаже за Мене, а нема право да го прави тоа, и Ме навредува, а нема право да го прави тоа. Што се однесува за лагата – тоа се неговите зборови: Нема да ме оживее како што ме создал првиот пат, а создавањето првиот пат не е ништо потешко од тоа да го оживеам повторно. А што се однесува до тоа дека Ме навредува, тоа го прави со неговите зборови: ,Аллах зеде дете за себе! А Јас сум Еден и Прибежиште на сите, од Кого сè зависи! Јас не родив, ниту се родив, и никој не Ми е рамен!‘“
Автентичен Го бележи Бухари
„Секој кој ќе ги сокрие недостатоците на друг роб во овој свет, Аллах ќе ги сокрие неговите на Судниот ден.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Нема ,адва‘, нема суеверие и ми се допаѓа ,Фел‘: А што е ,фел‘, го прашале, а тој одговорил: ,Убавиот збор.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Возвишениот Аллах вели: ,Јас постапувам со Мојот роб според тоа како тој мисли за Мене, и Јас сум со него кога Ме спомнува. Ако Ме спомне во себе, и Јас ќе го спомнам во Себе. Ако Ме спомне во друштво, и Јас ќе го спомнам во друштво подобро од тоа. Ако Ми се приближи за една педа, Јас ќе Му се приближам за еден лакт. Ако Ми се приближи за еден лакт, Јас ќе Му се приближам за еден распон. Ако Ми дојде одејќи, Јас ќе Му дојдам трчајќи.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Момче, ќе те поучам на неколку важни зборови. Чувај Го Аллах, и Тој ќе те чува тебе. Чувај Го Аллах, и ќе Го најдеш секогаш пред себе. Ако нешто бараш, барај само од Аллах, а ако бараш помош, барај ја само од Аллах. Знај дека, дури и кога целиот свет би се собрал да ти донесе корист со нешто, нема да ти користи повеќе од она што Аллах веќе ти го запишал. Исто така, ако се соберат да ти наштетат со нешто, нема да ти наштетат повеќе од она што Аллах веќе ти го запишал; перата се подигнати, а мастилото се исушило.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и други