Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

68 од 841 картички

Исчисти филтри
„Кој ќе каже: ,Ла илахе иллаллах‘ – дека нема вистински бог освен Аллах и негира сè друго што се обожува покрај Аллах, неговиот имот и живот се заштитени (свети), а пресметката со него ќе биде кај Аллах.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Некој праша: О, Аллахов пратенику, кој ќе биде најсреќен со твоето застапување на Судниот ден?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Како што и помислив, о Ебу Хурејре, дека никој нема да ме праша за ова пред тебе, поради твојата желба за хадисите. Најсреќен со моето застапување на Судниот ден ќе биде оној кој искрено од срце или душа ќе рече: Нема друг вистински бог освен Аллах.’“
Автентичен Го бележи Бухари
„Али бин Ебу Талиб ми рече: ,Дали сакаш да те задолжам со истото со кое ме задолжи Аллаховиот Пратеник, алејхи селам? Урни го секој кип и срамни го секој издигнат гроб!‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Не колнете се во лажните божества, ниту во вашите татковци.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Седевме околу Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем – а со нас беа и Ебу Бекр, Омер и уште неколкумина. Во еден момент Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, стана и замина, но долго не се враќаше. Се загриживме дека можеби му се случило нешто. Станавме вознемирени, јас се вознемирив прв и тргнав да го барам. Стигнав до една градина што му припаѓаше на племето Бену Неџар. Околу неа барав влез, но не најдов врата. Тогаш здогледав поток (ребиʿ) што влегуваше во градината од надворешна бунарска страна. Се протнав преку него, како што се провлекува лисица, и влегов кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Кога ме виде, рече: – „Ебу Хурејре?“ – „Да, о Аллахов пратенику.“ – „Што те донесе овде?“ – „Беше со нас, па стана и не се врати долго. Се исплашивме дека нешто ти се случило. Јас се вознемирив прв и дојдов до оваа градина, се протнав како лисица – а другите ги оставив зад мене.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ми ги даде своите сандали и рече: – „О Ебу Хурејре, земи ги овие мои сандали и оди надвор од градината. Кого и да сретнеш, кој искрено сведочи со своето срце дека нема друг вистински бог освен Аллах – израдувај го со веста дека ќе влезе во Џенет.“ Првиот што го сретнав беше Омер. Тој ме праша: – „Што се овие сандали, Ебу Хурејре?“ – „Ова се сандалите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем,“ – реков. – „Ме испрати со нив да израдувам секого што ќе го сретнам и искрено сведочи дека нема друг вистински бог освен Аллах – со веста дека ќе влезе во Џенет.“ Омер ме удри со раката во градите така што паднав на грб, па рече: – „Врати се, Ебу Хурејре!“ Се вратив кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и заплакав. Веднаш по мене дојде и Омер. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, праша: – „Што се случи, Ебу Хурејре?“ – „Го сретнав Омер и му кажав што ме испрати да направам. Тој ме удри во градите така што паднав, и ми рече да се вратам.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го праша Омер: – „О Омер, зошто го направи тоа?“ – „О Божји пратенику, толку си ми драг што татко ми и мајка ми би ги жртвувал за тебе – навистина ли го испрати Ебу Хурејре со своите сандали за да израдува секого што искрено сведочи дека нема друг бог освен Аллах – со веста за Џенет?“ – „Да,“ – одговори Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Омер рече: – „Те молам, немој така! Се плашам дека луѓето ќе се потпрат само на тоа сведочење и ќе ги остават делата – затоа остави ги нека работат.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: – „Остави ги нека работат.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Прашав: ,О, Алаховиот Пратенику, кажи ми нешто за исламот, за што нема да морам никого да прашувам после тебе?‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: ,Речи: Верувам во Аллах, а потоа биди истраен во тоа.‘“
Автентичен Го бележат Муслим и Ахмед
„Аллах ги одредил добрите и лошите дела, потоа ги појаснил, тој што ќе посака да направи добро дело, но не го направи, Аллах ќе го запише кај Себе како да го направил, а кој пак одлучи да направи добрина и тоа го направи, Аллах ќе му запише од десет до седумстотини пати повеќе севапи, додека тој што ќе посака да направи лошо дело, но нема да го направи, Аллах ќе му запише за тоа како потполна добрина, но доколку намери да направи грев и го направи, Аллах ќе му запише само еден грев."
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим во своите Сахихи со оваа формулација
„Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим