Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

123 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (54)
„Некој човек го прашал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,Кој е најдобриот ислам?‘, Тој одговорил: ,Да го нахраниш и да го поздравиш со селам и оној што го познаваш и оној што не го познаваш.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
дека некој човек рекол: „,О, Божји пратенику, имам роднини кон кои се однесувам добро, а тие ја прекинуваат врската со мене. Им правам добро, а тие ми возвраќаат со зло. Им покажувам благост, а тие се однесуваат грубо кон мене.‘ Тогаш, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговорил: ,Ако е навистина така како што велиш, тогаш ти како да ги храниш со жежок пепел. И сè додека продолжуваш да постапуваш така, постојано ќе имаш помошник од Аллах против нив.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Аллах е задоволен од робот кој, кога нешто јаде, Му Се заблагодарува за тоа, или кога нешто пие, Му Се заблагодарува за тоа.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Се колнам во Аллах, нема да влезете во Џенетот додека не поверувате, а нема да поверувате додека не се засакате меѓусебно. Па зарем не сакате да ве известам за нешто кое, ако го правите, ќе се сакате? Ширете го селамот помеѓу вас.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Петте дневни намази, петок до петок, и рамазан до рамазан, ги бришат гревовите меѓу нив, ако се избегнуваат големите гревови.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Олеснувајте, а не отежнувајте, израдувајте и не растерувајте.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека зборува добро, или нека молчи. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почитува својот сосед. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почести својот гостин.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Навредата на муслиманот е грев, а борбата против него е неверство.“
Автентичен Муттефекун алејхи