Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

123 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (54)
дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесувајќи од својот Господар рекол: „Кога робот ќе направи грев и ќе рече: ,Аллаху мој, прости ми го мојот грев.', Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите', потоа пак ќе направи грев и ќе каже: ,Господару, прости ми го гревот', а Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите', потоа пак ќе направи грев и ќе каже: ,Господару, прости ми го гревот', а Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите, прави што сакаш, Јас ти ги простив гревовите.'"
Автентичен Муттефекун алејхи
„Избегнувајте ги седумте гревови кои предизвикуваат пропаст.“ Прашале: „Кои се тие, о, Божји пратенику?“ Тој одговорил: „Многубоштвото (ширкот), магијата (сихрот), неправедното убиство, каматата, бесправното користење на имотот на сиракот, дезертирањето од бојното поле и клеветењето на чесните и чедните вернички.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Заедно со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бевме качени врз магаре кое се викаше Уфејр. Тој ми рече: ,О Муаз, дали знаеш кое е правото на Аллах врз Неговите робови и кое е правото на робовите кон Аллах?’ Јас одговорив: ,Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат.’ Тој ми рече: ‘Правото на Аллах врз Неговите робови е да Го обожуваат и никого да не Му припишуваат како здруженик. Правото на робовите кон Аллах е да не го казни оној кој не Му припишува ништо како здруженик.’ Јас прашав: ,О, Аллахов Пратенику, дали да ги известам луѓето за ова?’ Тој ми рече: ,Не ги известувај, за да не се потпрат на тоа.’”
Автентичен Муттефекун алејхи
Навистина Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш излезе и се упати кон група од своите асхаби што седеа во круг и ги праша: ,Што ве натера да седите овде?‘ Тие одговорија: ,Седнавме за да го спомнуваме Аллах и да Му заблагодариме за тоа што нè упати кон исламот и за благодатите со кои нè обдарил.‘ Тој повторно праша: ,Се колнете ли во Аллах дека само поради тоа сте седнале?‘ Тие одговорија: ,Се колнеме во Аллах дека само поради тоа седнавме.‘ Тогаш тој рече: ,Не ве терам да се колнете затоа што ве обвинувам, туку затоа што до мене дојде Џибрил и ме извести дека Возвишениот Аллах се гордее со вас пред мелеците.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Најдобрите пари што човекот може да ги потроши се парите што ги троши на своето семејство, парите што ги троши за јаваницата за јавање на Аллаховиот пат, и парите што ги троши за своите другари на Аллаховиот пат.“ Ебу Килаба рекол: „Тој прво започна со семејството.“ Потоа додал: „Кој може да има поголема награда од оној кој се грижи за своите мали деца, ги прави чесни, им користи или ги прави независни преку својата грижа?“
Автентичен Го бележи Муслим
„Навистина, праведните кај Аллах се на минберите (возвишените места) од светлината; покрај десната Рака од Милостивиот, а двете Негови се десни. Тоа се оние кои се праведни во своите пресуди, кон нивните семејства и во она што им е дадено да управуваат.
Автентичен Го бележи Муслим
,Возвишениот Аллах не спие, и не Му доликува да спие. Тој ја спушта и ја подигнува правдата. Делата од ноќта се издигаат кај Него пред делата од денот, а делата од денот пред делата од ноќта. Неговиот превез е светлина – а во друго предание: оган – и кога би го открил, сјајот на Неговото Лице би изгорел сè што опфаќа Неговиот поглед од Неговите созданија.’“
Автентичен Го бележи Муслим