Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

123 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (54)
„О, луѓе, покајте се пред Аллах! Зашто јас секој ден Му се покајувам Нему повеќе од стопати.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кога луѓето би знаеле колкава е вредноста на езанот и првиот ред, а би немале друг начин да ги добијат освен со ждрепка – сигурно би фрлале ждрепка за нив. Кога би знаеле колкава е вредноста на раното доаѓање на намаз – ќе се натпреваруваа кој прв ќе стигне. А кога би знаеле што се крие во наградата за јацискиот и сабахскиот намаз – ќе доаѓаа на нив дури и ползејќи.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Го прашав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за добродетелството и гревот, па тој рече: ,Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во срцето и не сакаш да го дознаат луѓето.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Секое добро дело е милостина."
Автентичен Го бележат Бухари од хадисот на Џабир и Муслим од хадисот на Хузејфе
„Муслиман е оној од чии јазик и раце се сигурни останатите муслимани, а мухаџир е оној кој ќе го напушти она кое Аллах го забранил.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Халалот е јасен и харамот е јасен, а помеѓу нив се сомнителните работи кои не им се јасни на повеќето луѓе, па кој се оддалечи од тие сомнителни работи, тој ја сочувал својата вера и чест, а кој ќе навлезе во сомнителните работи ќе навлезе во забранетото, исто како пастирот кој го чува своето стадо блиску до забрането место, стадото лесно може да влезе во него. Секој Владател има забранети територии, а таа на Аллах се харамот. Навистина во телото има еден орган, ако е тој здрав и телото ќе биде здраво, а ако тој не е здрав и телото ќе биде расипано, а тоа е срцето."
Автентичен Муттефекун алејхи
„Го прашав Аллаховиот пратеник, алејхи селам: ,Кое дело му е најмило на Аллах?‘ Тој ми рече: ,Намазот да се клања во негово определеното време.‘ Прашав: ,А потоа?‘, тој одговори: ,Добродетелството кон родителите.‘ Пак прашав: ,А потоа?‘, Тој рече: ,Борбата на Аллаховиот пат‘. Тоа ми го одговори Аллаховиот пратеник, алејхи селам, а да го прашав уште ќе ми одговореше со уште повеќе.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога муезинот ќе каже: ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘ (Аллах е Најголем), па некој од вас ќе каже (и ќе повтори): ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘, Потоа кога (муезинот) ќе каже: ,Ешхеду Ен Ла Илахе Иллаллах‘ (Сведочам дека нема друг Бог освен Аллах), па некој од вас ќе повтори: ,Ешхеду Ен Ла Илахе Иллаллах‘, Потоа кога ќе каже ,Ешхеду Енне Мухаммеден Ресулуллах‘ (Сведочам дека Мухаммед е Аллахов Пратеник), па некој од вас ќе повтори: ,Ешхеду Енне Мухаммеден Ресулуллах‘, Потоа кога (муезинот) ќе каже: ,Хајје ‘Алас-Салах‘ (Дојдете на намаз), па некој од вас ќе каже: ,Ла Хавле Ве Ла Куввете Илла Биллах‘ (Нема сила ниту моќ освен со Аллах), Потоа кога (муезинот) ќе каже: ,Хајје ‘Алел Фелах‘ (Дојдете на спас), па некој од вас ќе каже: ,Ла Хавле Вела Куввете Илла Биллах‘, Потоа кога (муезинот) ќе каже: ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘, потоа некој од вас ќе повтори: ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘, Потоа кога (муезинот) ќе каже: ,Ла илахе Иллаллах‘, потоа некој од вас ќе повтори: ,Ла Илахе Иллаллах‘, – од срце (ќе го кажува и ќе повторува по муезинот), ќе влезе во Џенетот.“
Автентичен Го бележи Муслим